NASA го објави распоредот на првото возење на Curiosity

nasa-go-objavi-rasporedot-na-prvoto-vozenje-na-curiosity

Американската агенција за вселенски истражувања NASA ги објави целите на првото возење на роботизираното возило Curiosity по површината на Марс.

Возилото Curiosity се спушти на Марс на 6-ти август по осумесечното патување и 566 милиони изминати километри во Вселената. Опремен е со многу уреди кои го одредуваат минералниот состав на почвата и на карпите, ја анализираат површината на Црвената планета и атмосферските примероци за да се воочат евентуалните органски компоненти и траги од вода во долните слоеви. Опремено е, исто така, и со апаратура којашто со икс-зраци треба да ги идентификува хемиските елементи во карпите и во почвата.

Curiosity треба да се довезе до релативно блискиот локалитет кој е наречен Гленелг, а тој стана интересен за научниците бидејќи таму се наоѓаат три различни типа терен. Името на оваа локација е избрано од списокот од 100 формации од карпи во Канада. Научниците забележале дека името Гленелг е палиндром, односно дека се чита исто и од лево и од десно, а Curiosity на своето прво патување треба да влезе и да се врати низ тој предел на патот до неговата следна дестинација, Маунт Шарп.

Почетокот на возењето кон Гленелг, оддалечен околу 500 метри од местото на слетување, зависи и од успешната проверка на инструментите. Самото возење може да потрае до цел месец, зависно од бројот на задачите коишто научниците од Земјата ќе му ги постават на Curiosity.

Исто така на Curiosity првпат е вклучен во активен режим и рускиот неутронски детектор ДАН, чијашто цел е барање траги од вода на Марс, заедно со генераторот на неутрони, соопшти прес-службата на Институтот за космички истражувања (ИКИ) при Руската академија на науките (РАН), каде што е изработен уредот.

„Добиени се телеметриски и научни информации, што укажуваат на нормалното функционирање на опремата. Апаратурата ДАН работеше еден час, нормално без никакви проблеми и беше исклучена по команда“, се вели во соопштението.

„Добиена е првата научна информација за составот на материјата на Марс и за радиационата атмосфера во цената област“, соопшти институтот.

Дектекторот ДАН (Динамички албдо на неутрони) е развиен во ИКИ, под раководство на лабораторијата за космичката гама-спектроскопија, и со учество на повеќе руски научни институции.

Овој инструмент претставува руски придонес во мисијата на Curiosity и е еден од двата „странски“ уреда меѓу десетте научни инструменти на роверот. Вториот е метеоролошкате станица REMS, развиена од шпанските научници.

ДАН е неутронски „истражител“, неутронскиот генератор ја осветлува површината на планетата со неутрони со висока енергетска вредност, а детекторот за својствата на протокот на средните неутрони ја одредува висината на водород, а со тоа и на водата, и хидрираните минерали. Области со голем број од овие супстанции се од најголем интерес за пребарување на траги на живот.

Проектот кој чини 2,5 милијарди долари, кој официјално се нарекува Научна лабораторија Марс (Mars Science Laboratory) е првата астролошка мисија на американската агенција за вселенски истражувања по проектот Viking во 1970-те. Ова е првиот целосно опремена геохемиска мобилна лабораторија кога и да е испратена на некој од другите планети.

18.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg