На кои прашања науката сè уште нема одговор?

Кои прашања на науката сè уште не се решени? Селекцијата на преставените нерешени научни проблеми е инспирирана со натписот Ten unsolved mysteries, објавен во списанието Scientific American, а чиј автор е прочуениот англиски физичар и хемичар Филип Бол.

na-koi-prasanja-naukata-se-uste-nema-odgovor

1. Од што настанал животот (Билогија)

Како започнало сè? Што всушност се случило со сосема обичните неоргански молекули кои се споиле? Како почнале да процесираат енергија и да се репродуцираат?

2. Колкава е масата на светот кој не го гледаме? (Физика)

Познатата материја сочинува само 4,6 проценти од масата на универзумот. Целата останата маса е нешто што не можеме да го видиме, измериме и објасниме.

3. Како делува опкружувањето на гените? (Генетика)

Создавањето на одреден фенотип од даден генотип зависи и од интеракцијата помеѓу гените и средината. Затоа во различно опкружување нема да бидат идентични дури ниту близнаците со потполно исти гени. Или пак ќе бидат? Ова прашање ги интригира научниците и јавноста откако се запознавме со неговото величество генот.

4. Како мисли мозокот? (Неврологија)

Некои неврони во мозокот константно генерираат акционен потенцијал додека други цело време „молчат“, а потоа одеднаш стануваат хиперактивни. Како му успева тоа на мозокот?

5. Колку хемиски елементи има? (Хемија)

Има ли ограничувања за бројот на нуклеони кои може да се најдат заедно и да сочинуваат едно атомско јадро? Додека хемичарите ги откриваат елементите со се поголем и поголем атомски број, се поставува прашањето до каде ќе оди тоа.

6. Што сè можеме да направиме од јаглеродот? (Нанонаука)

Јаглеродот влегува во составот на сè што е живо. Дали од него може да се направат и сметачи кои ќе бидат моќни како живите клетки?

7. Како да ја искористиме соларната енергија? (Материјали)

Сите нови, обновени извори на енергија кои во последните децении влегуваат во употреба покажале некои ограничувања. Најчист и константен меѓу нив е Сонцето, но е релативно слабо искористено иако секој сончев ден ги потсетува научниците на огромниот потенцијал кој го има соларната енергија.

8. Кој е најдобриот начин за производство на биогориво? (Енергетика)

Наместо конвенционалното производство на нееколошки фосилни горива, зошто не би оставиле растенијата да ја складираат сончевата енергија наместо нас, а потоа да ги претвориме тие растенија во гориво? Сепак, користењето на совршено добрите извори на храна поради производство на енергија можеби и не е најдобриот пристап кон проблемот. Еден од одговорите би бил користење на други, помалку витални облици на биомасата.

9. Како да се продолжи животот? (Медицина)

Дали за долговечност е доволно да се јаде храна богата со антиоксиданси и да се сочува клеточната структура од слободните радикали? Кои гени делуваат на должината на животот? И со здрав живот и дисциплина во исраната клетките во организмот стареат. Што прави науката за да се пронајде еликсирот на животот?

10. Како непрекинато да ја следиме хемијата во човечкото тело? (Биохемија)

Нашиот организам е комплексна лабораторија во која непрекинато се одвиваат илјадници реакции. Некои хемиски соединенија се разградуваат, други се синтетизираат, некои го напуштаат нашето тело, а некои се складираат во одредени клетки. Како би било во секој момент да можеме да ги следиме овие комплицирани биохемиски процеси и д аго мериме нивото на разните соединенија во реално време?

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg