Оптимистички мозок

optimisticki-mozok-povekjeНаучниците откриле дека човечкиот мозок предвидува идни случувања со непоправлив оптимизам кој често не е оправдан, но го чува здравјето. Благодарејќи...

 

...на снимањето со магнетна резонанса истражувачите од одделот за психологија на институтот во Њујорк заклучиле optimisticki-mozokдека две подрачја на мозокот - прединот цингуларен кортекс и амигдал, се поактивни кога личноста се потсетува на позитивното или негативното минато, предвидува среќна и убава иднина, отколку ако чувствува тежина пред иднината.

Испитувањето било вршено врз 7 мажи и 8 жени од 18 до 36 години, кои прво мислеле на настани од минатото, а потоа и на иднината.

Психолозите и невролозите тргнале од претпоставката дека “умерено оптимистичко размислување може да поттикне промена во однесувањето и се поврзува со физичкото и психичкото здравје“.

Сепак, австралискиот професор невропсихолог Марчело Коста истакнува дека доменот на ова истражување е ограничен, бидејќи не кажува ништо за невронскиот механизам кој засилената мозочна активност ја доведува во врска со психичката состојба.

Би можело да ве интересира:

Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...

Најчитани неделава