Неси виден во Австралија?

Чудовиштето кое е тема веќе со години наназад, за едни сеуште е само фикција, додека други веруваат дека живее во езерото Loch Ness во северна Шкотска.

 

Сепак, најновите информации велат дека Неси се појавил во Австралија. Неколку очевидци, наводно тврдат дека го виделе чудовиштето како плива во реката Hawkesbury во Сиднеј.

Криптозоологот (научник кој се занимава со истражување на неоткриени животни) Рекс Гилрој разговарал со наводните очевидци и заклучил дека нивните приказни се веродостојни.

"Сите опишуваат змијска глава и долг врат на суштеството кое накратко се појавува на површината на реката, за потоа повторно да занурка под водите. Описот дефинитивно одговара на чудовиштето од Лох Нес", пренесува швајцарски портал.

nesi-viden-vo-avstralija

Научниот Гилрој верува дека австралијскиот Неси е одговорен за неколку хаварии: "Постојат извештаи за бродови кои биле изненадно подигнати од морската површина од непознато суштество, а низ мистериозните незгоди од 80-тите исто така можеме да ги објасниме со постоењето на Неси".

Дури и самиот Рекс Гејлор е сведок за постоењето на ова животно за кое се претпоставува дека е потомок на плезиосаур.

Иако никој од очевидците на чудовиштето не го снимил со камера, Неси заедно со Бигфут и Јети остануваат мистерија за криптозоологијата.

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg