Луѓето ќе исчезнат за 100 год.

lugjeto-ke-isceznat-za-100-godini-povekjeПрофесорот Франк Фенер, научникот кој го всадил вирусот миксоматоза во зајаците за да го контролира нивното размножување во 1950-та...

 

...смета дека мора да се земе предвид влијанието кое го има се побројната човечка популација врз ресурсите на планетата.

lugjeto-ke-isceznat-za-100-godini

Тој изразил песимизам за иднината на човештвото:

Ќе изумреме и тоа е само прашање на време. Може да се случи и за 100 години. И многу животински видови исто така ќе изумрат. Тоа е неповратен процес.

Иако постојат напори со кои се обидуваат да се ублажат ефектите од пренаселеност и климатски промени, Фенер смета дека нема ефект од тоа и дека нашата судбина е запечатена.

Се претпоставува дека светската популација ќе достигне бројка од 7 милијарди следната година, што е неверојатен притисок на залихите на храна и вода.

Следните години ќе се води војна за храна во која нациите ќе се обидуваат да ги сочуваат своите резерви“– изјавил Фенер.

Климатските промени се еден од главните фактори за ова сценарио, а според Фенер, помината е точката од која постоела можност да се вратиме назад.

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg