Samsung Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4: Преклопни телефони за забава, работа и кул изглед

samsung-galaxy-z-fold4-galaxy-z-flip4-01.jpg

Дали сакаш ова лето да го дочекаш со нов, модерен телефон со иновативни перформанси, кој одлично ќе вклопи во твојата идеја за супер забава, ќе одговори подобро од очекуваното кога се во прашање твоите работни или факултетски обврски, а згора на сè – ќе ти овозможи кул и трендовски look?

Погледни ги Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4 од палетата на Samsung телефоните кои ќе ги исполнат твоите очекувања, бидејќи без разлика дали ќе избереш поголем Galaxy Z Fold4 телефон или помал уред како Galaxy Z Flip4, добиваш голем екран за читање, пребарување, скролање, работа, гледање филмови, а кога станува збор за твоите фотографии, селфија или видеа – тие ќе бидат едноставно совршени. 

samsung-galaxy-z-fold4-galaxy-z-flip4-02.jpg

Galaxy Z Fold4 е оптимизиран за  супер искуство на големиот екран 

Импресивниот Galaxy Z Fold4 телефон е посебен по тоа што механизмот за преклоп може да претвори паметен телефон со стандардна големина во компактен и моќен таблет за максимална продуктивност. Кога Galaxy Z Fold4 е отворен, тој нуди нови димензии на екранот, вклучувајќи нов таскбар. Со опцијата Multi View и распоредот на големиот екран, скоро и да ќе биде како да гледаш на твојот лаптоп, со пристап до популарни и неодамнешни апликации. Со синхронизација на апликациите овозможена од опцијата App Pair, со еден допир ќе можеш да стартуваш до три апликации на суперпродуктивниот екран и веднаш ќе можеш да ги префрлиш апликациите од pop-up прозорците на целиот екран,  или да го поделиш екранот на половина за извршување на повеќе задачи. Телефонот ги оптимизира апликациите користејќи го интерфејсот One UI, а апликациите на Google, вклучувајќи ги Chrome и Gmail, сега поддржуваат влечење и пуштање (drag and drop), со што copy – paste на твоите линкови и фотографии од една апликација во друга ќе оди многу бргу. 

samsung-galaxy-z-fold4-galaxy-z-flip4-03.jpg

Galaxy Z Fold4 исто така прави неверојатни фотографии и видеа, со надграден широк објектив од 50 MP и објектив со зумирање 30x во просторот. Со широкоаголната камера од 50 MP, дури и твоите брзи фотки ќе бидат вистински ремек-дела со висока резолуција. Различните режими на камерата како режим за преглед на снимки, двоен преглед и селфи со задната камера, како и Expert Raw и уредување со AI, вистински ќе те остават без зборови, и тебе и твоите пријатели. Твоите ноќни слики пак, ќе бидат неверојатни и при слаба осветленост, а видеата беспрекорно стабилизирани, без тресење и со намален шум.

samsung-galaxy-z-fold4-galaxy-z-flip4-04.jpg

Galaxy Z Fold4 е оптимизиран за  супер искуство на големиот екран правејќи ја содржината уште попријатна. Ова се однесува и за филмските вечери,  кога ќе можеш комотно и без користење на рацете да си изгледаш добро филмче, а ако си фан на гејмање на мобилен телефон, тогаш ова е дефинитивно најдобрата опција за тебе! 

samsung-galaxy-z-fold4-galaxy-z-flip4-05.jpg

Galaxy Z Flip4 - неверојатен стил и практичност

Galaxy Z Flip4 е уникатен, а тоа го прави совршен уред за лично изразување. Неговиот компактен дизајн на преклоп нуди уникатно искуство кое не е достапно на ниту еден друг паметен телефон.

samsung-galaxy-z-fold4-galaxy-z-flip4-06.jpg

Револуционерниот Galaxy Z Flip4 е препознатлив по тоа што ќе го свиткаш, ќе го ставиш во предниот џеб од твоите фармерки и нема да ти пречи. Извонредно решение на Samsung за сите оние на кои понекогаш посакуваат стандарната големина на мобилниот телефон да ја заменат со помала, а при тоа да ги имаат истите перформанси и функции на уредот. Неговиот главен екран од 17см открива прекрасен поглед благодарение на ултратенкото стакло, додека напредната издржливост го прави посилен од кога било – издржува повеќе од 200.000 преклопувања. Направен да биде издржлив, и одвнатре и однадвор, ова е најцврстиот водоотпорен телефон на преклоп направен досега од Samsung, со ексклузивното стакло Corning® Gorilla® Glass Victus®+, a рамката е заштитена со најцврстата алуминиумска рамка – Armor алуминиум.

samsung-galaxy-z-fold4-galaxy-z-flip4-07.jpg

Моделот Galaxy Z Flip4 е дизајниран така да може да се користат многу функции без да се отвори телефонот. Така, ќе можеш да остваруваш повици, да одговараш на пораки, да користиш разни виџети, и сето тоа од надворешниот екран. А кога станува збор за фотографирање и правење видеа, овој телефон е вистинско задоволство. Видеата и селфите ќе ги снимиш со активирање на камерата FlexCam директно од надворешниот екран, со помош на главната камера со подобрената функција Quick Shot. Друга уникатна карактеристика на овие телефони е тоа што тие можат да се користат како статив за фотографирање со предната или задната камера. А фотографиите и видеата кои ќе ги снимиш ќе ги изненадат и твоите вештини за фаќање неверојатни кадри.  Деталите се истакнуваат дури и во темница со поголемите пиксели на широкоаголната камера, видеото ќе го снимиш непречено, без тресење со подобрени OIS и VDIS. Со опцијата Super Night Solution ќе го намалиш шумот, така што снимките од твојата банда ќе бидат врв.

samsung-galaxy-z-fold4-galaxy-z-flip4-08.jpg 

Поврзаната моќ на Samsung Galaxy

Освен што е посветен да ти овозможи искуство со твојот телефон токму такво какво што бараш, Samsung мисли и се грижи за твоето здравје. Затоа им овозможува на своите корисници да бидат поврзани во еко системот на Samsung, со што ќе можеш да го следиш своето здравје и воедно ќе те поттикнува да ги постигнеш своите цели за благосостојба. Поврзи го твојот Galaxy Z Fold4  со часовникот Galaxy Watch5 Pro кој ќе го следи твоето спиење и твоите физички активности. Без разлика дали спортуваш редовно или повремено, ќе ги брои твоите калории по тренингот и ќе ти дава информации како да дојдеш до твојата посакувана тежина и фигура. Во текот на ноќта ќе ги следи твоите фази на спиење и секое утро ќе имаш извештај кој ќе содржи и како да си го подобриш сонот, а со тоа и благосостојбата. Ако се одлучиш за Galaxy Z Flip4, истото можеш да го направиш со часовникот Galaxy Watch5,  кој и во текот на денот и на ноќта ќе ја следи работата на твоето срце, а за време на твоите спортски активности, ќе имаш увид во направените чекори, потрошените калории, и секако совети за понатаму. Часовникот Galaxy Watch5 Pro или Galaxy Watch5 ќе биде твој вистински пријател кој будно ќе го следи твоето здравје!

Повеќе информации за производите прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold4/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip4/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch5-pro-black-titanium-bt-sm-r920nzkaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch5-44mm-graphite-bt-sm-r910nzaaeuc/

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg