Првачињата подготвeни за училиште - Mozzart обезбеди ранци и училишен прибор за децата на вработените

Први септември е ден кој првачињата секогаш ќе го паметат, но и нивните родители.

prvacinjata-podgotveni-za-uciliste-mozzart-obezbedi-ranci-i-ucilisen-pribor-za-decata-na-vrabotenite-01.jpg

Подготовките за одење на училиште траат долго, а компанијата Mozzart се потруди да им ја олесни работата на вработените кои во петок за прв пат ќе ги испратат своите деца на училиште.

Поделена беше комплетна училишна опрема за најмладите ученици, со што лидерот во приредувањето на игрите на среќа уште еднаш покажа дека се грижи пред се за вработените но и за нивните семејства.

prvacinjata-podgotveni-za-uciliste-mozzart-obezbedi-ranci-i-ucilisen-pribor-za-decata-na-vrabotenite-02.jpg

Возбудата на родителите расте како што се приближува првиот училишен ден, а Mozzart ги опреми нивните малечки со анатомски ранци кои содржат се што им е потребно за прво одделение. 

„Ова е прва година во која првачињата на нашите вработени добиваат ранци и училишен прибор, а оваа голема акција ќе се спроведува и во иднина. Позитивните реакции и насмеаните лица на гордите родители се најдобар доказ дека ги правиме вистинските работи. Веруваме дека на овој начин ќе го направиме почетокот на училиштето порадосен за нашите првачиња, а полесен за родителите и дека заедно ќе се радуваме на идните успеси и напредок во учењето и работата“, нагласија од секторот за човечки ресурси на Mozzart.  

prvacinjata-podgotveni-za-uciliste-mozzart-obezbedi-ranci-i-ucilisen-pribor-za-decata-na-vrabotenite-03.jpg

Mozzart е општествено одговорна компанија, која секоја година организира низа хуманитарни активности и и помага на заедницата, а во исто време се грижи за секој вработен.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg