Колку сте спремни да ѕирнете подлабоко во себе, во светот внатре?

Замислете вечер во која откривате друг слој од ваш близок. Нова перспектива. Причините за одредени постапки. Замислете вечер во која сте прашани работи кои никој никогаш не прашал досега. Неодамна, кај нас излезе нова игра со карти. Но, наместо знаци и правила, на картите има прашања. Правила нема. Освен безусловна искреност.

kolku-ste-spremni-da-dzirnete-podlaboko-v-sebe-vo-svetot-vnatre-07.jpg

Суштината е подобрена комуникација помеѓу соиграчите. Идеална е за двајца – пар, другари/ки, но и за поголеми групи – друштво, семејство итн. Се работи за играта Микроверзум.

Микроверзум е иницијатива, инспирирана од идејата за подлабоки и посодржајни разговори помеѓу луѓето. Во време кога најголемото внимание ни е насочено кон телефоните и туѓите животи, некако како да подзаборавивме на своите и на блиските околу нас.

Дури и кога разговараме, неретко разговорите се површни, не знаејќи можеби и да ги поставиме вистинските прашања. Во ера на развиен индивидуализам, нашите внатрешни светови остануваат неретко неотриени или недоистражени.

kolku-ste-spremni-da-dzirnete-podlaboko-v-sebe-vo-svetot-vnatre-04.jpg

Играта содржи две нивоа, односно две купчиња карти – ниво 1 „Запознавање“ и ниво 2 „Поврзување“. Секое од нив содржи по 60 карти – 50 прашања и 10 џокери (дејствија).

Во ниво „Запознавање“, ќе најдете прашања кои ќе ви помогнат подобро да го запознаете соиграчот. Но, и себе. Таму има прашања кои ќе ве натераат добро и искрено да размислите пред да одговорите кога ќе бидете прашани - стравови, желби, спомени и трауми. Има и прашања кои ќе ви бидат од голема корист за суштинско запознавање на другиот. Дали е вистината симпатична или не, е лично доживување.

kolku-ste-spremni-da-dzirnete-podlaboko-v-sebe-vo-svetot-vnatre-02.jpg

Второто ниво е она за поврзување. Екстремно блиски личности, како лица во долгогодишен брак, сестри, другари од градинка, може и да поминат директно на ова ниво. Иако и „Запознавање“ ќе ги однесе на убави патеки. Ќе дознаат кои работи се промениле во меѓувреме. Во ниво „Поврзување“ ќе ја видите сликата на другиот за вас, вашата за нив, а и вашиот однос. Каде има недоразбирања во вашата комункација, што сте научиле еден од друг, каде одат вашите заеднички или лични патеки, се само 3 од 60 прашања кои треба да ве одведат до подобрен однос.

kolku-ste-spremni-da-dzirnete-podlaboko-v-sebe-vo-svetot-vnatre-01.jpg

Играта нема некои правила. Освен дека треба да сте искрени и да се задржите минимум по 3 минути по одговор. Значи, без површни одговори. Може да извлечете само една карта и на нејзиното прашање да разговарате цела вечер. Може и да си земете секој по 5 и да разговарате меѓусебно. Како ви одговара на времето и целите.

Може да се игра на два начини – безбедно и отворено. Вториот начин е оној на кој се расте. Оние кои веќе ја играле ја нарекуваат домашна психотерапија. Играта може да ја набавите на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg