Љубов на прв „сквиз“! Вашиот сојузник во борбата против утринскиот стрес и лошите „грицкачки“ навики

Во зависност од работното место, обврските, возраста, секој дел од денот може да биде стресен, но експертите успеале да пресметаат кое време од денот е најстресно за повеќето луѓе. Истражувањето спроведено од група научници во Лондон, во кое учествувале 2.000 испитаници, покажало дека најстресното време за повеќето возрасни луѓе е меѓу 7 и 9 часот наутро.

ljubov-na-prv-skviz-vashiot-sojuznik-vo-borbata-protiv-utrinskiot-stres-i-loshite-grickachki-naviki-01.jpg

Утринскиот стрес најчесто е предизвикан од тоа што брзаме да се спремиме за на работа, да однесеме деца на училиште или градинка, да го фатиме автобусот, да се пробиеме низ сообраќајниот метеж, да најдеме паркинг место итн. Често и подготвувањето појадок може да е само дополнителна обврска која влијае врз зголемување на нивото на стрес, па затоа го прескокнуваме.

Според експертите што работеле на истражувањето, утринските драми кои често ги „возиме“ на празен стомак со многу кофеин, можат да ја попречат нашата продуктивност во текот на денот.

ljubov-na-prv-skviz-vashiot-sojuznik-vo-borbata-protiv-utrinskiot-stres-i-loshite-grickachki-naviki-06.jpg

За добар старт на денот

Утрото е поубаво кога во целиот хаос имаме контрола врз изборот на вкус со кој ќе ни почне денот, вкус што нѐ прави среќни. Nutrino Lab  нуди избор на десет различни овошни вкусови, кои доаѓаат во различни комбинации од добро познатите боровница, јагода, јаболко, преку тропските, па сè до најновите комбинации од ананас, кокос и цреша.

Со формулата направена по експертска рецептура,  ќе стане една од вашите добри утрински навики, а ќе ви заштеди време затоа што можете да појадувате и по пат додека ги возите децата на училиште или во петте минути пеш од паркинг до канцеларија. Доаѓа во тотално кул „пауч“ пакување кое ја зачувува свежината, мирисот и хранливата вредност на овошјето и зеленчукот.

ljubov-na-prv-skviz-vashiot-sojuznik-vo-borbata-protiv-utrinskiot-stres-i-loshite-grickachki-naviki-02.jpg

Среќни во текот на целиот ден

Задоволството што доаѓа од вкусната и здрава храна и уживањето во секој залак влијае на нивото на среќа што го чувствуваме, нѐ релаксира и ни помага да го поминеме денот во подобро расположение. Од премногу работни обврски во текот на денот или пак семејни во текот на попладнето, сите сме се нашле во ситуација да не стигнеме ниту да испазариме ниту да зготвиме, па најлесно е да посегнеме по нешто готово или пак дури и да прескокнеме оброк.

И кога одеднаш ќе почувствуваме глад, обично се фаќаме за нездрави грицки, ужинки полни рафиниран шеќер, адитиви и конзерванси. Зошто? Затоа што ни изгледаат како најлесно, најбрзо достапно решение на проблемот со инстант глад и недостиг на енергија. Таквите ужинки не ја обезбедуваат потребната енергија и хранливи материи, а по првичниот краткотраен наплив на енергија брзо стануваме изморени, нервозни и нерасположени.

Постои подобар избор. Nutrino Lab во практичен „пауч“ е едноставна ужинка, која  ја содржи потребната дневна доза на 100% свежо овошје и зеленчук, без шеќер, адитиви и глутен. Во рака, во чанта, на прошетка, на работа, на состанок, на пат, на тренинг… Секој момент е погоден за 100% здрава ужинка!

ljubov-na-prv-skviz-vashiot-sojuznik-vo-borbata-protiv-utrinskiot-stres-i-loshite-grickachki-naviki-03.jpg

Љубов на прв „сквиз“!

Во време кога динамичниот начин на живот подразбира борба за време и понекогаш дури ни треба потсетник во календарот за да внесеме доволно свежо овошје и зеленчук, достапноста на здрав производ кој не содржи рафиниран шеќер, адитиви и конзерванси, богат со функционални хранливи материи спакувани во нов формат, прилагоден на животот во постојано движење е токму она што ќе нѐ мотивира да ги практикуваме здравите навики.

Дневна доза овошје во три чекори: отворете, „сквизнете“ и уживајте во вкусната здрава ужина. Можете да изберете помеѓу различни комбинации и вкусови на пире од овошје и зеленчук, а за да го задржиме летото подолго, од лабораторијата на Nutrino Lab пристигнаа новите овошни коктели PINA FAMOSA MIX и RED SUNRISE MIX, кои ќе го израдуваат вашето сетило за вкус со сочен ананас и сладок кокос и ќе ве освежат со вкусови на цреша, портокал, калинка и јаболко.

Каква комбинација и да изберете, не можете да погрешите бидејќи сите се подеднакво здрави и вкусни, а обезбедуваат доволно енергија во текот на денот и ви помагаат да го држите гладот ​​под контрола.

ljubov-na-prv-skviz-vashiot-sojuznik-vo-borbata-protiv-utrinskiot-stres-i-loshite-grickachki-naviki-05.PNG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg