Hisense E7K PRO – Најдобар телевизор за вашите PS5, Xbox и други единици од следната генерација

Добре дојдовте во неверојатно гејминг искуство преку потполно внесување во димензијата на играта. Помина времето на пикселизираната графика и досадно заостанување во играта.

Денешните игри се создадени да се живее со нив, а не само да се игра. Значи, без разлика дали се впуштате во нова потрага со Fortnite, откривате нова воена зона на Call of Duty, се шетате по улиците на Grand Theft Auto или се обидувате да победите на следното првенство на FIFA или на NBA, потребен ви е проактивен возбудлив телевизор кој ќе му парира на вашиот внатрешен освојувач.

Кога станува збор за најдобриот телевизор за играње игри, на ум веднаш ни доаѓаат два критериума. Прво, најдобрите телевизори за играње игри имаат неверојатен квалитет на сликата, што резултира со вистинско потполно искуство на претопување во димензијата на играта, усовршено до најмалите детали. И второ, на најдобрите телевизори за играње игри им е потребен интерфејс со повисока стапка на освежување за непречено искуство на играње игри. Новиот Hisense QLED 4K Gaming телевизор E7K PRO ги исполнува и двата критериума и, дополнително, нуди многу други поволности што ќе ја направат секоја сесија на играње игри уште понезаборавна. Ајде да се нурнеме во деталите.

hisense-e7k-pro-najdobar-televizor-za-vasite-ps5-xbox-i-drugi-edinici-od-slednata-generacija-05.jpg

Најконзистентното искуство на сите времиња што може да се добие од играње игри

Новиот Hisense телевизор E7K PRO кој е совршен и за играње игри е опремен со многу карактеристики наменети за играње игри, создадени да го понесат умот на секој гејмер. Ултрапрецизната променлива стапка на освежување (VRR) и режимот за автоматски ниска латентност (ALLM) се здружуваат со неверојатна стапка на освежување од 144 Hz, што го истакнува овој телевизор како еден од најдостапните телевизори за играње игри на пазарот во овој момент. Може да се справи дури и со игрите што предвидуваат најголема брзина и со најновите величествени авантури. Без разлика колку играта станува пометежна или повозбудлива, играњето на играта останува конзистентно, односно тече без појава на какви било пречки.

Hisense E7K PRO е опремен со целосна HDMI 2.1 конекција, што претставува задоволство за гејмерите, бидејќи го отклучува целосниот потенцијал на конзолите од следната генерација PS5 или Xbox Series X со подобра пропусност и со стапки на освежување до 240 fps. А со технологијата AMD FreeSync Premium, тој дури и вештачки ја зголемува стапката на освежување доколку графичкиот процес почне да заостанува. Нема веќе закочување (замрзнување на сликата) за време на интензивните борби додека го победувате последниот шеф на играта и нема повеќе „летање“ предизвикано од заостанување над целата карта.

hisense-e7k-pro-najdobar-televizor-za-vasite-ps5-xbox-i-drugi-edinici-od-slednata-generacija-01.jpg

Никогаш нема да ги испуштите скриените трансфери и најмалите траги

Зборуваме за играње игри со целосно внесување во димензијата на играта надградено на повисоко ниво. Со посветли точки, подлабоки црни линии и ултраживописни бои, кои автоматски се приспособуваат на вашата омилена игра, новиот Hisense E7K PRO е совршен телевизор за играње игри кога станува збор за квалитетот на сликата и за графичките перформанси. Карактеристиката на телевизорот Quantum Dot Color создава впечатлива изведба на бои, истакнувајќи ги вистинските карактеристики на играта. Дури и визуелните слики кои се карактеризираат со темни сенки или со ноќни сцени, стануваат многу појасни.

Конечно можете да уживате гледајќи што сѐ може да понуди играта – и ние мислиме токму на сè. Од јасни изрази на карактерите во играта до скриени оружја и на оние мали ковчежиња со богатство во мракот со дополнителни предмети. Подобрете ги вашите перформанси за играње игри и однесете го вашиот тим до следната победа со подобрено визуелно искуство.

hisense-e7k-pro-najdobar-televizor-za-vasite-ps5-xbox-i-drugi-edinici-od-slednata-generacija-02.jpg

Однесете ја вашата игра на следното ниво со гејминг во Dolby

За целосно да ја искусите вистинската моќ на вашите игри, новиот Hisense E7K PRO 4K телевизор за гејминг располага со гејминг во Dolby. Моќната технологија Dolby Vision Atmos ќе ве транспортира токму во средиштето на играта. Почувствувајте ја акцијата, внесете се во неа и соединете се со вашиот контролер. Звукот е моќна алатка за да го надградите вашето искуство од играњето игри, па затоа не препуштајте ѝ се на случајноста. Телевизорот за играње игри има и 2.1 CH вграден сабвуфер за ефекти на длабок бас.

Пронајдете го совршениот телевизор за играње игри според вашите потреби во серијата на Hisense QLED E7K PRO.

hisense-e7k-pro-najdobar-televizor-za-vasite-ps5-xbox-i-drugi-edinici-od-slednata-generacija-03.jpg

Hisense е горд официјален партнер на UEFA EURO 2024™. Благодарение на одличните технологии на Hisense телевизорите, навистина ќе ги внесете локалните фудбалски ѕвезди во вашата дневна соба и со тоа ќе го направите навивањето за омилената репрезентација уште повозбудливо. На моменти сигурно ќе се запрашате дали натпреварите се играат на стадион или на вашиот тепих. Откако ќе се навикнете на спортскиот режим и на сите предности на Hisense телевизорите, тешко дека ќе сакате нешто друго.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg