Myrkl пристигна во Македонија: Сакате да се забавувате, но како да се победи мамурлакот?

Алкохолот не е решение за нашите проблеми и треба да се консумира одговорно, впрочем и водата не е здрава ако испиеме повеќе од препорачаните количини.

myrkl-pristigna-vo-makedonija-sakate-da-se-zabavuvate-no-kako-da-se-pobedi-mamurlakot-02.jpeg

Веселбите, забавите, организираните скари, сите овие прилики се можности за опуштање и дружење, често започнуваат со пијалак, но најчесто завршуваат со мамурлак, непријатна состојба која се јавува по консумирање премногу алкохол.

Главоболка, гадење, замор, чувствителност на светлина и звук, дехидрација, треперење, се најчестите симптоми кои се појавуваат неколку часа по консумирањето алкохол, но можат да се појават и по неколку дена, особено ако личноста претерала со консумирање или пак не поднесува многу алкохол.

Сепак да појасниме што всушност значи мамурлакот. Тој се јавува кога алкохолот ја иритира слузницата на желудникот и цревата, што доведува до зголемено производство на киселина и воспаление. Исто така, алкохолот го намалува количеството на антидиуретичен хормон во телото, што доведува до зголемено мокрење и дехидрација. 

Ова е една од причините зошто луѓето кои страдаат од мамурлак често чувствуваат главоболка и замор.

Како тоа влијае на жените и како влијае на мажите?

Општо земено, мамурлакот може слично да ги погоди и мажите и жените, бидејќи симптомите и причините се слични за двата пола. Една од главните разлики е тоа што жените имаат тенденција да тежат помалку од мажите, што значи дека имаат помалку простор за алкохол во нивните тела. Тоа значи дека иста количина на алкохол може да предизвика повеќе симптоми на мамурлак кај жените отколку кај мажите. 

Исто така, жените имаат помалку ензими во црниот дроб кои го разградуваат алкохолот, што значи дека алкохолот останува подолго во нивните тела.

Друга разлика се хормоналните разлики помеѓу жените и мажите. Женските хормони, како што е естрогенот, можат да влијаат на начинот на кој телото го обработува алкохолот и може да влијаат на подложноста на мамурлак. 

На пример, жените може да доживеат повеќе гадење или чувствителност на светлина и звук поради ефектите на естрогенот врз телото. 

Жените кои земаат орални контрацептиви или хормонска заместителна терапија, од друга страна, може да бидат почувствителни на мамурлак бидејќи хормоните во овие терапии може да се судрат со процесот на метаболизирање на алкохолот во телото.

myrkl-pristigna-vo-makedonija-sakate-da-se-zabavuvate-no-kako-da-se-pobedi-mamurlakot-01.jpg

Како да се ослободите и спречите мамурлакот?

Препораките на здравствените експерти за здрави возрасни лица како главен метод за избегнување на мамурлак сугерираат дека тие не консумираат повеќе од два стандардни пијалаци дневно или четири за време на дружењето.

Доколку, пак, консумирате алкохол, важно е да пиете доволно вода и да јадете пред и по консумирањето.

Исто така, важно е да бидете свесни за количеството алкохол што го консумирате и да го пиете побавно за да избегнете прекумерно консумирање.

Доколку сакате да бидете сигурни дека нема да „патите“ од мамурлак следниот ден по забавата и немате време да се одморите од секојдневните обврски, тогаш Myrkl е тука да ве “рефрешира”, бидејќи тој е додаток во исхраната што го намалува дејството на консумираниот алкохол и го спречувате мамурлакот, а можете да го набавите во сите добро снабдени аптеки и на веб-продавницата www.myrkl.mk

Myrkl е единствениот додаток во исхраната кој содржи AB001™, револуционерна формула која покажа ветувачки резултати во ефикасно разградување на алкохолот во цревата пред да стигне до црниот дроб.

Независна студија покажа дека AB001™ разградува до 70% од алкохолот во рок од 60 минути (и 50% по 30 минути) по консумирањето. AB001™ е мешавина од високо ефективни бактерии (главно Bacillus Subtilis & Bacillus Coagulans) збогатена со L-цистеин и витамин Б12, а сите состојки на производот се препознаени како безбедни според европските регулативи од Европската агенција за безбедност на храна (EFSA). Myrkl е 100% природен и веган.

Myrkl овозможува да се избегнат симптомите на мамурлак следниот ден по забавата и консумирањето алкохол, а за да делува потребно е да се испие две таблети пред да се консумира алкохол. Не може да го консумираат бремени жени или доилки и лица на возраст под 18 години.

Што друго можете да направите

Важно е да пиете доволно вода за да ја компензирате дехидрацијата. Може да помогнат и одредени видови храна или пијалаци, како што се пилешка супа или кокосова вода, но тоа не е научно докажано. Со чаша овошен сок ќе ја надоместите изгубената течност, а фруктозата од овошјето ќе му помогне на организмот побрзо да го „согори“ алкохолот. Ако сте во можност, прошетајте на свеж воздух, тоа може да ви помогне да ја расчистите главата.

Исто така можеби треба да одите на трчање или во теретана и добро да се испотите за да ги исфрлите насобраните токсини од алкохолот. А потоа неколку дена треба да јадете само супи и да јадете зеленчук за да се вратите во “живот“.

Содржината е напишана во соработка со Myrkl. Повеќе за производот: https://myrkl.mk/defaire.php - За долги ноќи... свежи утра!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg