4 причини зошто да имате телефон Galaxy Z Fold5

Телефоните на преклоп уште пред некоја година го најавија својот камбек, кога многу корисници повторно беа привлечени од главната нивна карактеристика – да имаат мал / стандарден телефон кој кога ќе го отворат станува двојно поголем, но сепак светот вистинското восхитување кон телефоните на преклоп го доживеа неодамна кога Samsung ги лансираше новите Galaxy Fold5 и Galaxy Flip5.

4-pricini-zosto-da-imate-telefon-galaxy-z-fold-5-02.jpg

Да се задржиме на Galaxy Fold5. Моќта на извонредниот, голем екран со елегантен дизајн, нуди неспоредлива леснотија при носењето на овој уред со тежина од само 253 грама и дебелина на телефонот од 13,4 мм. И покрај овие подобрени параметри во изгледот, перформансите и функциите на телефонот се на завидливо ниво.

Кога телефонот е отворен, големината на главниот екран изнесува 7,6 инчи, поради што овој уред секогаш ќе биде во позиција да го замени вашиот таблет, или во голем број на ситуации и вашиот компјутер.

Имајќи го ова предвид, како и фактот дека ова е токму една од главните карактеристики на кои се темели извонредната функционалност на овој уред, споделуваме со вас уште четри силни причини поради кои никако нема да згрешите доколку се одлучите за овој уред:

1. Совршен е за вашите професионални обврски и ангажмани

Galaxy Z Fold5 отвора нови начини за максимизирање на продуктивноста и нуди одлични можности да ги извршувате вашите секојдневни професионални обврски во секое време и било каде да се наоѓате. На гавниот екран на Galaxy Z Fold5 кога е отворен ќе можете да имате доволна прегледност на сите содржини на кои во моментот морате да се посветите, со што ќе го искусите револуционерното искуство за мултитаскинг на мобилен телефон, кој ви нуди широк опсег на подобрени функции како подобрената лента со задачи, влечење и спуштање со две раце и функцијата скриен скокачки прозорец, со што на лесен и едноставен начин ќе можете да извршувате повеќе задачи и да пренесувате содржини помеѓу повеќе апликации. Било каде и да се наоѓате, на вашиот Galaxy Z Fold5 можете да пополнувате и уредувате документи во пдф кои тукушто ги добивте на маил, да ги потпишете и пратите назад. Продуктивноста и мултитаскингот ќе ви бидат буквално во дланка во секое време, без кои во денешниот динамичен свет на бизнисот не се може.

4-pricini-zosto-da-imate-telefon-galaxy-z-fold-5-01.jpg

2. Екран дизајниран за беспрекорно искуство за гледање содржини

Сите ваши омилени содржини за кои вообичаено седнувате да ги гледате на лаптоп или таблет, сега можете да ги уживате на големиот екран на Galaxy Z Fold5 кога е отворен, било кога и од било каде. Дали е тоа омилениот филм или концерт, бинџате нова интересна серија или следите возбудливо тенис финале, гледате подкасти или јутјуб, каде и да наоѓате надвор од дома, овој уред ќе ви овозможи да бидете секогаш во тек со работите кои ве интересираат и за кои имате желба. Имате љубов кон книгите, или постојано се едуцирате преку следење на стручната литература, тогаш не размислувајте понатака – искуството со читање на екранот на Galaxy Fold5  е единствено и во потполност ќе ги задоволи вашите барања.   

4-pricini-zosto-da-imate-telefon-galaxy-z-fold-5-05.jpg

3. Одличните камери ќе ви ги направат најубавите слики и видеа

За вашите фотографии и видео записи ќе се погрижи подобрениот систем на камери кој го сочинуваат 10 MP телефото камера со 3х оптички зум,  12 MP ултраширока камера, 10 MP камера на надворешниот екран, 4 MP камера под екранот и 50 MP широкоаголната камера, кои  на два широки екрани ќе го претворат вашиот телефон  во комплетно мобилно студио со 30х space zoom, давајќи ви можности да сликате, снимате, преснимувате, зумирате или пак уредувате со едно сосема ново ниво на креативна слобода.

4-pricini-zosto-da-imate-telefon-galaxy-z-fold-5-04.jpg

4. Неверојатно гејминг искуство, како никое друго

Galaxy Z Fold5 го подигнува гејмерското доживување на едно сосема ново ниво кое ќе ве фасцинира благодарение на најголемиот екран на Galaxy паметните телефони, а мобилната платформа Snapdragon® 8 Gen 2 за Galaxy,  која ја подобрува графиката и користи вештачка интелигенција, ќе ви овозможи динамично играње и функционалност со повеќе игри. 

4-pricini-zosto-da-imate-telefon-galaxy-z-fold-5-03.jpg

И кога веќе зборуваме за извонредните можности за гледање на Galaxy Z Fold5, Samsung ви доделува уште една погодност да искористите една од промоциите кои во моментов се актуелни при купување на овој уред: добијте до 4 месеци бесплатен YouTube Premium пакет на вашиот телефон и гледајте ги вашите омилени содржини, не само без реклами, туку и без Wi-Fi мрежа. А ако сте од оние корисници на кои секогаш им е потребен поголем простор за складирање во телефонот, тогаш можете да ја искористите промоцијата за шестмесечна бесплатна услуга за складирање на облак од 100 GB меморија, безбедна е-пошта без реклами и пристап до бесплатна поддршка од Microsoft.

Повеќе информации за Galaxy Z Fold5 прочитајте на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg