Државна лотарија со неколку поводи за журката на деценијата „99 Мегастарс“

Скопје, 28.11.2023 година – На 30 ноември, со магичен музички времеплов Државна лотарија ги поканува граѓаните заедно да создадат повеќе причини за уште повеќе среќа.

drzavna-lotarija-so-nekolku-povodi-za-zurkata-na-decenijata-99-megastars-01.png

Првиот повод е да се прослави за новата интернет платформа megawin.мк, вториот да се сподели новата визија за Државна лотарија, третиот да се промовира новиот симбол, четвртиот да се прослави јубилејот 15 години Државна лотарија, петиот да се доделат наградите од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на мегавин“, шестиот да се слави музиката од 1990-те и 2000-те со кој ќе Ви потврдиме колку е важно да се поттикнуваат убавите емоции, да се инспирира надежта, да се даде простор на сонот, да се гради едно големо цело, да се создаваат можности за среќа − наша и нечија...

Затоа, разгалете си ги очекувањата и подгответе се МЕГА квалитетно и МЕГА уникатно искуство со една поинаква, позабавна, лотарија за народот − Државна лотарија, којашто за вас ги овозможи МЕГАВИН и „99 МЕГАСТАРС“!           

За да присуствувате на овој МЕГАспектакуларен настан потребно е да се регистрирате на страницата www.megawin.mk во период од 18 заклучно со 29 ноември. Во улога на водители на настанот, кој воедно ќе биде и музичко патување низ времето и одлична можност да се потсетиме на некогашните големи хитови и музички имиња кои одамна не сме ги виделе на сцената, ќе се појават Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Миа Костова и Мартин Трпчевски, а ќе настапат: Искра Трпева, Peace Brothers, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Тони Зен, Ивона Јо, Куку Леле, Дуо Дис, Наде Талевска, Дарко Гроздановски, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски – Принц…

Секој оној ќе се се регистрира на новата интернет платформа www.megawin.mk, за која Државна лотарија организира наградна игра за сите учесници коишто ќе се регистрираат на www.megawin.mk заклучно со 29 ноември. Вкупниот фонд на награди и подароци изнесува 12 000 000 денари. Наградниот фонд е: 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи, 10 гејминг лаптопи Lenovo, 10 iPhone 14 Pro, и еден автомобил BMW. Првите 50.000 регистрирани на www.megawin.mk ќе добиваат промотивни вредносни ваучери од 100 ден. до 10.000 ден., кој ќе можат да се искористат за играње на платформата megawin.mk.

Со www.megawin.mk, Државна лотарија прави голем чекор во дополнување на своето портфолио игри на среќа одговарајќи на барањата на играчите, а како членка на Европска Асоцијација на лотарии се здобива со уште една од карактеристиките на современите европски лотарии.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg