Известување за пожарот во Ист Гејт Мол: Навремено се интервенираше и спречено е ширењето

Во врска со информацијата за пожар кој се случи денес во трговскиот центар Ист Гејт Мол во 9 часот и 30 минути, би сакале да Ве информираме дека техничките служби на трговскиот центар заедно со пожарникарските служби на терен го локализираа пожарот и навремено го спречија неговото ширење.

izvestuvanje-za-pozharot-vo-ist-gejt-mol-navremeno-se-intervenirashe-i-sprecheno-e-shirenjeto-01.jpg

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани.

Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета голема материјална штета.

Настанот се случи во време кога трговскиот центар се уште не е оперативен и нема посетители.

Трговскиот Центар Ист Гејт Мол ќе продолжи со работа од 13:00 часот, освен делот за брза храна кој ќе биде затворен за посетители и деловна дејност.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg