Започна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10км“

Скопје, 26.02.2024 – Денеска започна пријавувањето за осмото издание на трката „Халк Еко Скопје Трча 10км“ кое ќе се одржи на 12.05.2024 година. Сите кои сакаат да бидат учесници, ќе може да се пријават најдоцна до 30.04.2024 година. Доколку се пополни предвидениот број на учесници, пријавувањето ќе биде затворено и порано.

zapocna-prijavuvanjeto-za-halk-eko-skopje-trca-10km-03.jpg

Право на учество во трките имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, а при самиот процес на пријавување, потребно е секој учесник да го одбере неговото таргет време со кое планира да ја заврши трката. Учесниците ќе бидат поделени во пет стартни боксови според таргет времето.

Стартот на трката ќе биде во 09:00 часот на булевар „Илинден“ во близина на Фонтана „Лотос“ и на истото место ќе биде и целта на трката. Ќе се трчаат 10 километри по булевар „Илинден“ и по дел од булевар „Партизански одреди“.

zapocna-prijavuvanjeto-za-halk-eko-skopje-trca-10km-02.jpg

Церемонијата на доделување награди ќе започне по завршување на трката. На трката со 10 км, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени и највисоката парична награда ќе изнесува 30.000 денари.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Агенцијата за Млади и Спорт и Град Скопје.

zapocna-prijavuvanjeto-za-halk-eko-skopje-trca-10km-01.jpg

Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.

Побрзајте и резервирајте го Вашето место на стартната линија преку веб-страната www.skopje.run, каде ќе можете да ги најдете сите  подетални информации за настанот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg