Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

„Само додај Coca-Cola“ кампањата на маркетинг агенцијата Њу Момент од Скопје, создадена за најпознатиот пијалак во светот, е финалист на годинешното издание на меѓународниот фестивал EPICA, во категоријата креативни решенија за безалкохолни пијалaци.

finale-za-epica-za-just-add-coca-cola-i-agencijata-new-moment-2.jpg

На овогодинешното натпреварување во креативност беа пријавени околу 1.200 кампањи од осумдесетина маркетинг агенции од 50 држави во светот.

Оваа кампања е креирана со алатки за вештачка интелигенција со цел да се покаже дека новите технологии не се ниту застрашувачки, ниту неинтересни, сѐ додека нивниот потенцијал е креативно искористен.

Кампањата се базира на анализирањето дали еден збор може целосно да ги промени чувството, расположението и атмосферата и доведува до резултат дека може, ако тоа е вистинскиот збор. Тоа е основата зад наративот на кампањата „Just Add Coca-Cola“ – вели Илинка Црвенковска, креативна директорка во Њу Момент.

finale-za-epica-za-just-add-coca-cola-i-agencijata-new-moment-1.jpg

Наградите EPICA се сметаат за исклучително важни на глобалната адвертајзинг сцена имајќи предвид дека жирито за доделување награди е составено од уредници и искусни новинари од водечките светски публикации кои го покриваат креативниот и комуникацискиот сектор. Оваа година, жирито вклучува претставници од 290 познати медиуми како Forbes, National Geographic, Vogue и многу други.

Церемонијата на доделување награди ќе се оддржи на 12 декември.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg