Зимскиот сојузник за силен имунитет - Пробиотски бар за ладните денови

Со пристигнувањето на зимата, нашиот организам е изложен на разни предизвици од студот до честите вируси кои циркулираат во воздухот.

zimskiot-sojuznik-za-silen-imunitet-probiotski-bar-za-ladnite-denovi-01_2.JPG

Во ова време од годината, поддршката на имунитетот и одржувањето на енергијата стануваат приоритет, особено за оние кои секојдневно се активни и во движење. Пробиотските производи и колачиња се совршен зимски сојузник, обезбедувајќи витални хранливи материи за поддршка на имунолошкиот систем и зајакнување на дигестивното здравје – двата најважни фактори во борбата против зимските настинки.

zimskiot-sojuznik-za-silen-imunitet-probiotski-bar-za-ladnite-denovi-01.JPG

Овие продукти се збогатени со корисни пробиотици, кои го поддржуваат балансот на цревната микрофлора, а со тоа и здравјето на целиот имунолошки систем. Во време кога ладното време и промени во исхраната може да создадат стрес на дигестивниот тракт, пробиотиците ја одржуваат природната заштита на организмот, правејќи го посилен и поотпорен.

zimskiot-sojuznik-za-silen-imunitet-probiotski-bar-za-ladnite-denovi-02.JPG

Но, пробиотскиот производ не се консумира само за здравјето туку исто така обезбедува енергија и задоволува, совршен за моментите кога ни е потребно нешто што ќе не засили и загрее додека сме на пат, на работа или пак после зимска спортска активност. Дополнително, тој не содржи додаден шеќер, што значи дека може да се ужива во слаткиот, но здрав вкус без грижа за непотребните калории.

zimskiot-sojuznik-za-silen-imunitet-probiotski-bar-za-ladnite-denovi-04.JPG

Во зимските месеци, кога сите бараме брз и здрав начин да ја зајакнеме нашата отпорност и да ја задржиме енергијата, пробиотскиот бар претставува идеално решение. Без разлика дали се оди на скијање, на зимска прошетка или пак се ужива дома со топло чајче, овој бар  е омилена зимска ужинка, го носи здравјето во секој залак.

zimskiot-sojuznik-za-silen-imunitet-probiotski-bar-za-ladnite-denovi-05.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg