Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Каратистот на „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, го освои првото место во категоријата над 84 килограми на светската младинска карате лига во Венеција.

zlaten-medal-za-stojanovikj-od-makpetrol-na-svetskata-mladinska-karate-liga-vo-venecija-01.JPG

Членот на скопскиот клуб на турнирот во Италија освои златен медал натпреварувајќи се во највозрасната (У21) категорија на постари јуниори. Со 4,000 спортисти од 81 земја, овој собир беше најмасовен глобален натпревар за млади каратисти.

Стојановиќ во финалето го совлада Олександер Козлијан од Украина со резултат 3-1. Во елиминацискиот дел македонскиот каратист извојува четири победи. Тој ги исполни очекувањата на тренерот Петар Заборски и ја заокружи годината во самиот врв на најдобрите каратисти. Стојановиќ со овој резултат ќе остане или прв или втор на Светската Ранг листа на WKF (Светска карате федерација) до крајот на 2024 година.

zlaten-medal-za-stojanovikj-od-makpetrol-na-svetskata-mladinska-karate-liga-vo-venecija-02.JPG

На патот до златниот медал Стефан Стојановиќ ги оствари следните резултати против: Мика ван Вундерберг (Холандија) 5-0; Џонатан Росигноли (Италија) 1-0; Александер Дејвис (Луксенбург) 2-2; Данил Касијанов (Украина) 1-0.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg