Започнува продажбата на влезници за Златна Бубамара на популарноста 2025

Златна Бубамара  ве известува - на 18.12.2024 во 12:30h започнува продажбата na влезници кои ќе бидат во продажба на karti.com.mk.

zapochnuva-prodazhbata-na-vleznici-za-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2025-01.JPG

Најпопуларната манифестација на домашната сцена, Златна Бубамара на популарноста 2025 – нестрпливо ги очекува сите заинтересирани на своето следно 28-мо издание, закажано на 20 февруари во арената „Борис Трајковски“.

zapochnuva-prodazhbata-na-vleznici-za-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2025-02.JPG

Под мотото „Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот“ и годинава ги обединуваме најинтересните и најазабавните изведувачи во најголемото шоу, создавано на внимателно набљудување на годината со многу хумор и со одлична музика. Во жесток ритам и со околу 100-ина учесници од земјата и од регионот, и годинава размислуваме за вештачка интелигенција и се смееме на природната глупост – заедно.

Ве очекуваме!

Најчитани неделава