Готвачот Филип Поповски: „Дајте ми два дена, ќе ги научам сите да јадат боранија и грашок“

Во Македонија повеќето се НЕмажи на годината!

gotvachot-filip-popovski-dajte-mi-dva-dena-kje-gi-naucham-site-da-jadat-boranija-i-grashok-01.JPG

Последното издание на Нешто Конкретно донесе машки гости а темата беше како се станува Маж на годината, таква манифестација има во Македонија па Снеже се обиде да ги пронајде квалификациите кои треба да ги има Мажот на годината?

Гости и беа Актерот и Директор на Браќа Манки Мони Дамевски, Поранешниот Кошаркар а сега директор на компанија за осигурување Ѓорѓе Војновиќ, Готвачот Филип Поповски и идејниот творец на манифестацијата Мажи на годината- Марко Костадиновски. 

gotvachot-filip-popovski-dajte-mi-dva-dena-kje-gi-naucham-site-da-jadat-boranija-i-grashok-02.JPG

Првиот предизвик на кој одговорија гостите беше:Која храна, кој пијалок кој автомобил и која жена би биле?

Готвачот Филип од прва одговори дека е бифтек, а како бифтек се гледа и Војновиќ. Интересен беше изборот на жени,

Готвачот Фичо ако е жена би бил Моника Белучи- за сите да го сакаат

Мони Дамевски ја одбра Маргарет Тачер-би сакал да бидам силна жена која може да промени нешто во светот

gotvachot-filip-popovski-dajte-mi-dva-dena-kje-gi-naucham-site-da-jadat-boranija-i-grashok-3.JPG

Марко пак одбра да биде неговата сопруга водителката на утринската на мтв Јована Костадиновска 

А Војновиќ се мислеше меѓу првата жена која професионално се трка со автомобили Даница Патрик или сопругата Маја

Од автомобилите Филип се гледа како Порше, Мони е Масерати или Лотус Марко е Ферари а Вијновиќ одбира по габартни возила па вели дека е некој Џип.

Разговорот понатаму течеше во однос на нивните позиции и нивното однесување со тимовите и луѓето со кои работат.

gotvachot-filip-popovski-dajte-mi-dva-dena-kje-gi-naucham-site-da-jadat-boranija-i-grashok-4.JPG

Мони изјави дека го прелажале да стане директор на Манаки укажуваќи му дека не е воопшто тешко да се организаира таков фестивал ама касно видел дека влегол во „длабокото„

Војновиќ призна дека бил голем малер во кошарката а и знае дека ако си лидер вината секогаш отпаѓа на тебе, па вели- Кога победува тимот, тоа е заедничка победа ама кога губи тимот, тој што промашил е виновен.

Готвачот Филип пак е горд на себе што одлучил да остане во Македонија и тука да гради кариера, место да оди во странство каде би бил само работник и ништо друго.

Во епизодава откријте и што никако не ставаат во уста од храна гостите, дали еден е Манаки или сите сме Манаки и кој е нај НЕмаж на годината. 

А слушнете и кои се најлошите одлуки кои ги донеле гостите  а испаднало дека се најдобри.

Целата епизода во продолжение:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg