Атеље Јаков и ММ фит од Прилеп поделија пакетчиња на дечињата од самохрани мајки
- Детали
- недела, 29 декември 2024

Во пресрет на новогодишните празници Атеље Јаков и ММ фит од Прилеп и двете како самохрани мајки, ја реализиравме нашата идеа да организираме забава во просториите на Атеље Јаков каде што Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња на дечињата од самохрани мајки, а воедно и на нашите редовни клиентки и случајни минувачи.

За оваа манифестација од хуман карактер ни беа потребни спонзорства кои ни помогнаа да ја реализираме нашата идеа.

Тука ќе изразам огромна благодарност до: Lussiostore Прилеп, Hive coffe, Aleks pekara, Vitaminka, Dzulijano pekara, Izo staklo, Evrotip oblozivalnici, Arini, Devaju club, Serenity FS.
Остатокот од пакетчињата ќе се однесат во Битола домот за деца без родители.


