Песна што носи љубов и надеж: Инспирирана и создадена за децата поддржани од СОС Детско Село

СОС Детско Село со гордост ја претставува новогодишната песна која носи силна порака за љубов, надеж и припадност.

pesna-shto-nosi-ljubov-i-nadezh-inspirirana-i-sozdadena-za-decata-poddrzhani-od-sos-detsko-selo-01.jpg

Песната е создадена како посебена инспирација на нашите пријатели Мишел Трајковски и Јана Стојановска, со поддршка на многу наши познати личности, и е вистински доказ дека заедно можеме да создадеме магија.

Детскиот хор вклучен во рефренот внесува искреност и празнична радост што допира до секое срце силно пренесувајќи ја пораката дека секое дете заслужува љубов, грижа и семејна топлина.

„Нема поголемо задоволство од тоа да создадеш нешто што ќе ги направи децата среќни, а во исто време да ги поттикне возрасните да размислат за моќта на заедништвото и љубовта,“ изјавија Мишел и Јана, кои со оваа песна направија вистинско новогодишно чудо.

„Учеството на нашите колеги е уште еден доказ дека сите можеме да се здружиме за да создадеме свет исполнет со добрина, особено за оние на кои им е најпотребно – децата. Бидејќи, секое дете е наше дете, а сите ние имаме морална и општествена одговорност да обезбедиме тие да растат во свет полн со љубов, грижа и поддршка.“

Песната може да ја погледнете во продолжение:

Спотот е исполнет со празнични сцени – од украсување на елката до заедничко пеење, симболизирајќи го домот и припадноста што секое дете ги заслужува. Овој проект е посветен на сите деца со порака за љубов и безгрижни празници.

Песната ќе биде промовирана на социјалните мрежи, телевизии и радија, и СОС Детско Село ги повикува сите да ја споделат, да ја слушнат и да ја поддржат нашата мисија – секое дете да има среќно детство исполнето со грижа и сигурност.

„Оваа песна е нашиот начин да ја споделиме радоста на празниците и да ја испратиме пораката дека љубовта и поддршката се најубавите подароци за сите деца.“ изјавија од СОС Детско село.

За повеќе информации за СОС Детско село, посетете: www.sos.org.mk

Најчитани неделава