Her Time, Her Glow – секоја жена заслужува да заблеска

Понекогаш, сè што ни треба е потсетник – дека сме доволно силни, доволно добри и дека нашиот сјај никогаш не згаснува. Токму со таа мисла, Dandelion Spa при Скопје Мериот Хотел го организираше настанот „Her Time, Her Glow“ – инспиративна средба посветена на жените, нивните предизвици и триумфи.

her-time-her-glow-sekoja-zhena-zasluzhuva-da-zableska-01.jpg

Зошто токму овој наслов? Затоа што веруваме дека секоја жена има своја светлина, свој момент на сјај – независно од тоа низ што поминала.

Овој настан не беше само прослава, туку искрен разговор за животните битки, за бариерите што ги кршиме, за стравовите за храброста и за свеста која треба да ја подигнеме – дека никој не е сам во својата приказна. Секоја од нас треба да живее без филтри, без маски и без страв.

her-time-her-glow-sekoja-zhena-zasluzhuva-da-zableska-02.jpeg

На сцената застанаа три неверојатни жени – Цеце Николова, Ксенија Николова и Данче Азманова Мирчевска со нив ги отворавме тешките теми и зборувавме за предизвиците со кои жените се соочуваат, но уште поважно – за храброста и силата со кои ги надминуваат.

Тие несебично ги споделија своите приказни, со цел да инспирираат, да поттикнат дијалог и да им покажат на сите жени дека не се сами.  Нивните приказни го исполнија просторот со емоции, инспирација и, најважно, чувство на поврзаност.

her-time-her-glow-sekoja-zhena-zasluzhuva-da-zableska-03.jpeg

Цеце Николова зборуваше за својот пат – за тоа како е да растеш во згрижувачко семејство, за борбата со алопецијата и за моментот кога ја тргнала периката и решила да се покаже во своето вистинско издание. „Ова сум јас“ – порака што одекна во срцата на сите присутни.

Ксенија Николова отвори тема што честопати останува во сенка – инвитро оплодувањето. Зборуваше за предрасудите, за болката што се крие зад едноставното „Кога дете?“ и за тоа колку е важно жените да не се чувствуваат осамени во оваа борба.

her-time-her-glow-sekoja-zhena-zasluzhuva-da-zableska-05.jpeg

Данче Азманова Мирчевска ги сподели своите предизвици како мајка и жена во бизнисот. Како е да го бараш балансот меѓу кариерата и семејството? Што се случува кога остануваш без работа за време на бременост? И зошто фриленсингот беше нејзиниот избор за нов почеток?

Секоја жена има своја битка, но она што навистина ни треба е заедништво, поддршка и зборови што нè потсетуваат – не сме сами.

her-time-her-glow-sekoja-zhena-zasluzhuva-da-zableska-04.jpeg

Настанот „Her Time, Her Glow“ беше токму тоа – простор каде што жените можеа да се слушнат, да се разберат и да си подадат рака една на друга.

Затоа што секоја жена заслужува да блесне. На свој начин, во свое време.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg