Не оди во банка – банката нека дојде кај тебе
- Детали
- четврток, 08 мај 2025
Дали брзината, достапноста и едноставноста се стандарди за задоволство на корисниците на дигитални услуги? Денес клиентите веќе не прават компромиси во нивното дигитално искуство. Бараат брзина затоа што времето е најскапоцен ресурс. Достапност бидејќи светот повеќе не спие. Едноставност затоа што никој не сака да се “бори” со технологии.
Не е изненадување што повеќе од 3,6 милијарди луѓе ширум светот користат онлајн банкарски услуги. Тоа веќе не е само тренд туку револуционерна промена, во која најважен двигател се токму очекувањата на корисниците.
Електронското банкарство станува секојдневие и во нашата земја. Веќе 1,7 милиони платежни сметки ги користат можностите на дигиталното банкарство за увид во состојба, а над 920.000 се користат и за дигитални платежни трансакции. Граѓаните што најмногу користат дигитално банкарство се на возраст од 25 до 44 години, но секако не се само тие. Нивниот живот е динамичен, полн со домашни и професионални обврски, имаат многу идеи и големи амбиции. Затоа сакаат личните и деловните финансии да им бидат достапни 24/7 од кое било место во светот.
Интересно е дека и сѐ повеќе млади на возраст од 15 до 24 години активираат интернет банкарство затоа што им овозможува да го истражуваат светот на финансиите и се подготвени да влезат во него. За нив електронското банкарство игра клучна улога при изборот на банка. Веќе не е важно банката само да има платформа за Интернет банка, туку таа треба да биде брза, достапна и едноставна.
Дали и ти си меѓу нив?
Со интуитивен изглед и со напредни функционалности, новата Интернет банка на Комерцијална банка дозволува бројни можности и бенефити за уредни лични и бизнис финансии. Овозможува лесно управување со платежни сметки, депозити, картички и кредити, едноставно вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени. Новиот портал е дизајниран за да се вклопи во навиките на модерниот корисник.
Интернет банката за корисниците значи филијала која никогаш не затвора. Со неа добиваш;
- Целосна контрола на сите твои банкарски производи – моменталната состојба и секоја промена на твоите платежни сметки, картички, депозити и кредити ја следиш веднаш.
- Напреден преглед за приливи и одливи - целосна слика на твоите трошоци во маркети, ресторани, шопинг..., за што имаш на располагање филтри за пребарување.
- Брзи и едноставни плаќања - плаќаш сметки за јавни услуги или вршиш пренос на пари во два чекори со омилени налози.
- Online барања и услуги – без посета на шалтер ажурирај лични податоци доколку имаш промена, поднеси барање за кредитна картичка, кредит или барање поврзано со одобрен кредит.
Со новата Интернет банка на Комерцијална банка, дигиталното банкарство станува партнер на твоето секојдневие. Без разлика дали си дома, на работа или на друг крај од светот, твоите финансии се секогаш со тебе. Активирај ја сега новата Интернет банка – и искуси што значи вистински модерно банкарство.