Испраќањето и примањето пари сега е можно само со телефонски број или картичка: Visa Direct услугата достапна и на нашиот пазар
- Детали
- среда, 14 мај 2025
Скопје, 14 мај 2025 - Како што глобалниот пазар на плаќања во реално време продолжува да расте и се очекува да достигне вредност од 34,16 милијарди долари до крајот на оваа година[1], Visa овозможи услуга за инстант парични трансфери, и во земјата и на меѓународно ниво, користејќи само телефонски број или платежна картичка.
Со само неколку клика, граѓаните, компаниите и институциите можат брзо и безбедно да испратат средства на друга сметка преку мобилната апликација на нивната банка или веб-страницата. Парите пристигнуваат во реално време, што претставува клучната предност на оваа услуга.
„Со лансирањето на Visa Direct во Северна Македонија, на корисниците им овозможуваме безбедно и моментно извршување на финансиските обврски на едноставен начин. Преку платежни иновации, целиме да одговориме на променетите навики и вистинските потреби на нашите корисници,“ изјави Ана Драшковиќ, потпретседателка и генерален директор на Visa за Југоисточна Европа.
Visa Direct користи напредни безбедносни технологии базирани на мрежата VisaNet – глобален платен систем кој во последните 25 години има процесирано над 3,3 трилиони трансакции во 200 земји и територии. Со повеќеслојна заштита на податоците, корисниците можат да бидат сигурни дека нивните финансиски информации се безбедни при секој трансфер. VisaNet е дизајниран да ги заштити сите страни вклучени во трансакциите и веќе повеќе од 30 години користи вештачка интелигенција за откривање и спречување измами.
Официјалното претставување на Visa Direct во Северна Македонија дополнително придонесува кон јакнењето на дигиталните финансиски услуги во регионот. Во многу земји од Југоисточна Европа, ваквите дигитални трансфери стануваат суштинска алатка за поддршка на малите и средните претпријатија, како и за потрошувачите кои бараат побрзо и поефикасно управување со средствата. Воведувањето на вакви иновации исто така помага во намалување на сивата економија и зголемување на транспарентноста во трансакциите, што на долг рок позитивно влијае на растот на домашниот БДП.
Visa Direct првпат беше претставена во 2013 година. Денес, услугата е достапна во повеќе од 190 пазари ширум светот, поврзувајќи 11 милијарди корисници и 160 валути[2].
[1] https://www.fortunebusinessinsights.com/real-time-payments-market-110424
[2] https://www.europeanpaymentscouncil.eu/news-insights/insight/visa-direct-joined-epc-new-members-perspective