„Киншифт“ и „Авенга“ се обединуваат под еден бренд – „Авенга“
- Детали
- понеделник, 19 мај 2025
Прага/Скопје, мај 2025 година – Од денес, глобалните технолошки компании „Киншифт“ и „Авенга“, функционираат како една компанија под заедничкиот бренд: Авенга.
Брендот, покрај името, вклучува и нова веб-страница, нови комуникациски канали, како и унифициран визуелен идентитет, кој ја пренесува енергијата и насоките на компанијата.
Оваа промена претставува чекор напред во трансформација на компаниите „Киншифт“ и „Авенга“, по нивното спојувањето во 2024 година. Таа го одразува начинот на кој Авенга веќе работи – со обединети тимови, заедничко лидерство и една заедничка амбиција: да се помогне на клиентите да решаваат реални деловни предизвици преку паметна примена на технологијата.
Во Македонија, „Киншифт“ веќе има значајно присуство, откако во 2020 година ја презеде водечката ИТ компанија „Сеавус“, а подоцна, во 2022 година, и бугарската „Мусала софт“, која исто така имаше свое локално претставништво. Овие аквизиции го зајакнаа регионалното влијание на компанијата и поставија основа за денешното проширување под брендот „Авенга“.
„Авенга“ денес обединува повеќе од 6.000 професионалци кои работат низ Европа, Америка и Азија, за глобални компании од областа на финансиите, телекомуникациите, автомобилската индустрија, производството и биолошките науки, обезбедувајќи врвна индустриска експертиза и силни капацитети за испорака во областа на дигиталните платформи, обработка на податоци, развој на стратегии за вештачка интелигенција, модернизација на cloud-инфраструктури и управување на сервиси.
„Нашите решенија им помагаат на клиентите да ја зголемат оперативната ефикасност, да носат одлуки базирани на податоци и да креираат персонализирани кориснички искуства“, потенцираа од „Авенга“.
Како што расте побарувачката за поконкретни, поефикасни решенија кои би функционирале подеднакво добро за помал и поголем број на корисници, „Авенга“ нуди развој на софтвер по нарачка во комбинација со најсовремени консултации за ВИ, машинско учење и алатки за предвидлива анализа.
„Овој ребрендинг само го потврдува тоа што веќе сме – една компанија со една јасна цел: да им помогнеме на клиентите преку технологија да се движат побрзо, да носат подобри одлуки и да останат конкурентни. Особено сме фокусирани на реална примена на вештачката интелигенција – интегрирајќи ја во постојните системи, податоците и процесите на безбеден, прилагодлив и корисен начин. Станува збор за технологија што навистина има значење“, истакна извршниот директор на „Авенга“, Лудовик Годе.
Ребрендирањето е многу повеќе од визуелна промена, тоа е демонстрирање на посветеност и доследноста на начинот на кој „Авенга“ се претставува пред клиентите, партнерите, и најважно – пред вработените.
„Со „Авенга“ успеавме да ги обединиме вистинските луѓе, вистинската експертиза и вистинскиот начин на размислување за да им помогнеме на клиентите да решат критични предизвици. Овој обединет бренд ја одразува силата на нашата долгорочна визија и нашата верба во технологијата како сила за напредок. Горди сме што ја поддржуваме „Авенга“ да стане глобален лидер во оваа индустрија“, потенцираше Карел Комарек, основач на „KKCG“, инвестициската група на „Авенга“.
Иако денес започнува официјалното претставување на новиот бренд „Авенга“, во наредните месеци компанијата ќе продолжи со проширување на своето присуство на пазарите кои се од клучно значење и со зајакнување на капацитетите за AI-first трансформација, дигитален инженеринг и работа базирана на податоци.
„Остануваме фокусирани на долгорочно создавање вредност за клиентите преку технологии што прават разлика“, заклучија од „Авенга“.