Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

До 30 јуни 2025 трае рокот за пријавувањето за стипендиите „Борис Трајковски“ за вонредни двегодишни постдипломски студии. Дваесет студенти ќе добијат можност да студираат според Пан-европската извршна МБА програма, преку стипендиите што ги нудат Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, Министерството за образование и наука, Претседателот на Република Северна Македонија и Фондацијата Борис Трајковски.

otvoren-konkursot-za-stipendiite-boris-trajkovski-za-pan-evropskata-mba-programa-01.JPG

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат на една од шесте достапни специјализации - МБА по Општ менаџмент, МБА во Маркетинг, МБА во Финансии, МБА во Логистика и менаџмент, МБА во Управување во здравство и МБА во Управување со човечки ресурси.

Пан-европската извршна МБА програма е меѓународна програма создадена за сите оние кои сакаат да ги подобрат своите вештини и знаења за професионален, кариерен и личен развој. Во рамките на програмата предвидени се три студиски патувања - во Јорк (Велика Британија), во Стразбур (Франција) и во Солун (Грција). Стипендистите ќе имаат можност да учат и да го усовршуваат своето знаење од врвни професори и меѓународни академици од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, од Универзитетот Јорк, од Универзитетот во Стразбур и од други добро признати универзитети ширум светот.

otvoren-konkursot-za-stipendiite-boris-trajkovski-za-pan-evropskata-mba-programa-02.JPG

Пан-европската МБА програма е дел од ексклузивната група од само 300 ЕМБА програми и образовни институции на глобално ниво акредитирани од престижната AMBA. Дополнително, Пан-европската МБА програма е акредитирана од Институтот за менаџмент од Велика Британија (CMI) и вклучува заедница од приближно 4 000 студенти и досегашни дипломци, што само дополнително говори за нејзината огромна академската вредност.

otvoren-konkursot-za-stipendiite-boris-trajkovski-za-pan-evropskata-mba-programa-03.JPG

Стипендистите ќе имаат можност да се стекнат со двојна диплома, од Универзитетот Јорк и од Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур, високо истакнати и рангирани во научниот свет. Универзитетот Јорк е врвно рангиран британски универзитет, додека Универзитетот во Стразбур претставува престижна институција од каде имаат произлезено 18 научници наградени со Нобелова награда.

otvoren-konkursot-za-stipendiite-boris-trajkovski-za-pan-evropskata-mba-programa-04.JPG

СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, Грција има академска мрежа којашто е воспоставена и распространета во уште 6 земји, со што претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк има статус на меѓународен кампус на овој универзитет и е дел од заедницата на Универзитетот Јорк. Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, со златна награда за своите наставни методи според TEF (Teaching and Excellence Award) 2023 и е рангиран на 146. место во светот според Times Higher Education 2025.

otvoren-konkursot-za-stipendiite-boris-trajkovski-za-pan-evropskata-mba-programa-05.JPG

Заинтересираните кандидати за стекнување стипендија „Борис Трајковски“ можат да конкурираат преку следниот линк.

Најчитани неделава