Битолски Камерен Оркестар приреди симфонија за паметење – и за срцето, и за телото

Минатата вечер, арената „Борис Трајковски“ блескаше во полн сјај. Ѕвездена Симфонија (Stars Symphony) донесе вечер каква ретко се доживува – публиката уживаше во вистинска музичка магија, создадена со љубов, посветеност и енергија.

bitolski-kameren-orkestar-priredi-simfonija-za-pametenje-i-za-srceto-i-za-teloto-01.jpg

Ѕвездена Симфонија го разбуди Скопје!

Настанот започна во 19:00 часот, со енергично warm-up DJ сет шоу на DJ Ile The Hair, кој се погрижи атмосферата да се загрее уште пред почетокот на концертната програма. Првиот дел на концертот, MTV The Greatest Hits Volume 3, беше вистинска временска машина што нè врати во златната ера на 80-тите и 90-тите.

Низ ремек-дела од таа епоха, изведени во симфониска верзија, публиката уживаше во настапите на: Андријана Јаневска, Наде Талевска, Викторија Лоба, Јана Бурческа, Полина Тасева, Ана Петановска, Јасна Димитровска, Огнен Димовски, Лара Иванова, Кристина Жечкова, Горан Наумовски, Мила Николовска, Теодора Матеска и поп рок хор БИТВОКС.

Тие настапија во придружба на Битолски Камерен Оркестар ⋮IWConnect, под уметничко водство и диригентство на Владимир Димовски, кој беше и продуцент на целиот настан.

Посебна естетска вредност на сцената внесе и балетскиот ансамбл, кој со својата кореографија му даде на концертот визуелна елеганција и магија што ја надополнуваше музичката приказна.

Ѕвездена симфонија не прошета низ најдобрите хитови од 80-тите и 90-тите – и не однесе низ звуците на електронската музика

Во вториот дел од вечерта, сцената му припадна на светски познатиот германски артист Шилер (Schiller), кој повторно ја воодушеви македонската публика.

Со својот проект Schiller Symphony, во живо со Битолски Камерен Оркестар ⋮IWConnect, Шилер го претвори концертот во аудиовизуелно патување низ длабоките простори на електронската музика, засилено со оркестарски аранжмани и светлосни ефекти.

Овации, аплаузи, танцување – вечер за паметење

Секоја изведба беше поздравена со громогласен аплауз, публиката стоеше, играше, се фотографираше и ја живееше секоја нота. Во еден момент, партерот беше како пулсирачко срце на музиката – симфонија на гласови, светла и движења.

Публиката не криеше одушевување, а социјалните мрежи веднаш се преполнија со видеа, реакции и спомени од вечерта.

Ѕвездена Симфонија беше реализирана од Битолски Камерен Оркестар ⋮IWConnect под водство на Владимир Димовски. Владимир Димовски, како креатор, продуцент и диригент на проектот, заедно со целиот тим, успеа да донесе врвна продукција, организирана со високи стандарди, но со македонско срце.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg