Grizzly Igloos прерасна во планински еко центар

Една од најатрактивните и најпрепознатливи туристички дестинации кај нас – Grizzly Igloos, објави дека Grizzly го презема и целосно трансформираше поранешниот ресторан Аурора Козјак, кој сега прерасна во Grizzly Планински Еко Центар – место каде природата, забавата и едукацијата се спојуваат во уникатно планинско доживување.

grizzly-igloos-prerasna-vo-planinski-eko-centar-01.jpg

Овој нов центар претставува природно проширување на оригиналната понуда на Grizzly, која досега беше позната по впечатливите иглоа. Сега, Grizzly нуди целосно ново искуство за посетителите од сите возрасти – од одмор и рекреација, до авантура и учење во природа.

grizzly-igloos-prerasna-vo-planinski-eko-centar-02.jpg

Што ве очекува во новиот Grizzly Планински Еко Центар?

  • Уживајте во уредените пешачки патеки низ живописната природа на Козјак
  • Одморете во партнерските зони со клупи и поглед на езерото
  • Посетете настани на нашата отворена сцена за културни и музички програми
  • За најмалите: детско игралиште и мини зоолошка градина
  • Доживејте ја магијата на планините во нашата арена за јавање коњи
  • Активности на спортското игралиште
  • Опуштете се во новиот ресторан и бар, дизајнирани со планински амбиент и локални вкусови

grizzly-igloos-prerasna-vo-planinski-eko-centar-04.jpg

Ве покануваме на големото свечено отворање и првиот роденден на Grizzly Igloos!

По повод отворањето на Grizzly Планинскиот Еко Центар, организираме голем дводневен настан, полн со забава, музика, активности и изненадувања за целото семејство!

Локација: Видиковец Козјак

Датум: Сабота и Недела, 24 и 25 Мај

Почеток: од 12:00 часот напладне

Влез: Слободен за сите посетители

grizzly-igloos-prerasna-vo-planinski-eko-centar-03.jpg

Програма:

Сабота, 24 мај

  • Детска програма со Дарко Ѓурчиновски
  • Музика со DJ Чваре
  • Концерт на Next Time – со почеток од 20:00 часот

Недела, 25 мај

  • Детска програма со Халки, Еко училница на Војо Иванов, аниматор Дарко Ѓурчиновски
  • DJ сет на Гоце САФ
  • Концерт на Тамара Тодевска – со почеток од 20:00 часот

Grizzly не е само дестинација – тоа е движење.

Движење кон поодржлива иднина, каде човекот живее во хармонија со природата. Со секоја прошетка, секој насмев, и секоја активност, го градиме тој свет – заедно.

Ве очекуваме на планина – да создадеме спомени, да се инспирираме и да уживаме во природата!

grizzly-igloos-prerasna-vo-planinski-eko-centar-01_1.jpg

Најчитани неделава