„Авенга академи“ ја лансираше LearnAI Lab: Идеално креирана програма за брза адаптација на ВИ

Водечкиот  едукативен и тренинг центар  „Киншифт академи“ (претходно познат како „Сеавус едукативен центар“), го најави своето ребрендирање во „Авенга академи“ (Avenga Academy).

avenga-akademi-ja-lansirashe-learnai-lab-idealno-kreirana-programa-za-brza-adaptacija-na-vi-01.jpg

„Авенга“ академијата е дел од неодамна ребрендираната глобална технолошка компанија „Авенга“. Во Македонија, „Авенга“, претходно „Киншифт“, во себе ги припои најголемата ИТ компанија „Сеавус“, како и „Мусала Софт“, задржувајќи го приматот на ИТ пазарот.

Воедно, „Авенга“ академијата започнува ново поглавје, проширувајќи го своето портфолио на услуги преку - LearnAI Lab, програма што е идеално креирана за да ги диктира најновите трендови за примена на вештачка интелигенција во бизнис секторот.

avenga-akademi-ja-lansirashe-learnai-lab-idealno-kreirana-programa-za-brza-adaptacija-na-vi-05.jpg

Новата програма на „Авенга“ академијата, доаѓа заедно со прославувањето на 15 години од работењето на едукативниот центар кој брои над 20.000 задоволни клиенти.  Ова е потврда за модерното и применливо знаење и вештини со кои многумина успеваат да ги променат своите кариери и да зачекорат во ИТ светот.

Нова програма на Академијата е вистинскиот одговор на потребата од брза адаптација во ерата на вештачката интелигенција. Програмата е уникатен спој на консултативни услуги и палета од обуки кои на компаниите ќе им помогнат да го забрзаат процесот на раст и трансформација со помош на вештачката интелигенција, а со тоа ефикасно да ја зголемат својата компетитивна вредност.

avenga-akademi-ja-lansirashe-learnai-lab-idealno-kreirana-programa-za-brza-adaptacija-na-vi-04.jpg

Директорката на Авенга академијата, Весна Ивановска, на настанот на кој беше претставен новиот бренд и  новата програма, истакна дека, нивното мото „технологија и знаење кои вредат“ како никогаш досега ја истакнува потребата од внимателна проценка при изборот на образование и партнер за негова имплементација.

 „Најголемите придобивки од технологијата доаѓаат кога правилно ќе се проценат и насочат човечкиот потенцијал и креативност но и подготвеноста и довербата да се биде дел од трансформативни промени - или како што популарно знаеме да кажеме, не е вештачката интелигенција таа што ќе го промени вашиот бизнис, туку тоа се луѓето кои ќе знаат правилно да ги искористат можностите што истата ги нуди“ , истакна Иваноска.

На настанот се обрати и директорот за Delivery на „Авенга“, Андреа Тодоровски, кој ја елаборираше моќта на компанијата која брои над 6000 врвни експерти ширум светот.

avenga-akademi-ja-lansirashe-learnai-lab-idealno-kreirana-programa-za-brza-adaptacija-na-vi-02.jpg

Водечкиот експерт за програмата LearnAI Lab, Миодраг Цекиќ образложи на кој начин истата е идеално креирана да ги детектира сегментите во кои ВИ може да ги унапреди бизнисите, да создаде наменски дизајниран софтвер за нивните потреби, како и обука на кадарот.

Како специјален гостин на настанот се обрати лидерот на глобалниот тим за вештачка интелигенција и обработка на податоци на „Авенга“, Петјо Димитров, кој се осврна на предизвиците и можностите што вештачката интелигенција ги создава за работната сила на глобално ниво, посочувајќи какви стратегии треба да применат бизнисите со цел максимизирање на позитивните ефекти од овој глобален тренд.

avenga-akademi-ja-lansirashe-learnai-lab-idealno-kreirana-programa-za-brza-adaptacija-na-vi-03.jpg

„Авенга“ денес обединува повеќе од 6.000 професионалци кои работат низ Европа, Америка и Азија, за глобални компании од областа на финансиите, телекомуникациите, автомобилската индустрија, производството и биолошките науки, обезбедувајќи врвна индустриска експертиза и силни капацитети за испорака во областа на дигиталните платформи, обработка на податоци, развој на стратегии за вештачка интелигенција, модернизација на cloud-инфраструктури и управување на сервиси.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg