Фокабо – од мал занает, до модна куќа препознатлива низ целата земја

Успешните приказни секогаш почнуваат скромно - со идеја, сонот и силната волја да се создаде нешто што ќе остави трага. Таква е и приказната на Фокабо, македонски моден бренд кој од мала занаетчиска работилница израсна во респектабилна модна куќа, препознатлива низ целата земја.

fokabo-od-mal-zanaet-do-modna-kukja-prepoznatliva-niz-celata-zemja-01.jpg

Во далечната 1969 година, младиот Фоте Каранфилов ги прави првите чекори во светот на модата како самостоен занаетчија во кројачкиот салон „Трале“. Во времиња кога модата се создаваше рачно, со трпение и страст, тој ги впиваше занаетчиските тајни со љубопитност и посветеност. Тоа беше почетокот на неговата доживотна врска со креативноста, текстилот и стилот.

fokabo-od-mal-zanaet-do-modna-kukja-prepoznatliva-niz-celata-zemja-02.JPG

По две децении искуство и зрелост, во 1992 година, Каранфилов го ребрендира кројачкиот салон „Трале” во името „Фокабо”. Неговата визија беше јасна - да создаде компанија што ќе зборува за индивидуалноста, вкусот и идентитетот на тој што ја носи, и која ја афирмира домашната мода, префинетото мајсторство и вредноста на локалната креативност. Секоја нова колекција значеше нова победа. Секој нов клиент беше доказ дека Фокабо создава повеќе од облека - создава приказни.

fokabo-od-mal-zanaet-do-modna-kukja-prepoznatliva-niz-celata-zemja-03.JPG

fokabo-od-mal-zanaet-do-modna-kukja-prepoznatliva-niz-celata-zemja-04.JPG

Со текот на годините, брендот постојано растеше, задржувајќи го семејниот дух и рачното внимание кон секој детаљ. Покрај тоа што ја градеше конфекцијата, тој е заслужен за обучување на над 150 шнајдери, од кои многумина продолжуваат да ја шират традицијата и знаењето низ македонската модна индустрија. Неговата посветеност и висок професионализам како моден креатор се препознаени и наградени со бројни признанија од модни институции во Македонија и пошироко.

fokabo-od-mal-zanaet-do-modna-kukja-prepoznatliva-niz-celata-zemja-05.JPG

Денес, машката конфекција „Фокабо” е симбол на истрајност, иновација и елеганција. Но сè започна таму - во малата работилница, со човекот кој веруваше дека македонската мода има свој глас што заслужува да се слушне.

fokabo-od-mal-zanaet-do-modna-kukja-prepoznatliva-niz-celata-zemja-06.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg