VIBE ON Party Bus го раздвижи Скопје!

Скопје, 5 јуни 2025 – Скопје никогаш не изгледало вака! Уникатната VIBE ON линија на ЈСП вчера ги собра младите на едно тотално поинакво патување, со двокатен автобус претворен во подвижна журка!

vibe-on-party-bus-go-razdvizhi-skopje-01.jpg

Диџејски сет, урбани постојки, подароци и добар вајб на максимум беше причината поради која целиот град вибрираше со позитивна енергија. Од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ до ФЕИТ/ФИНКИ, УКИМ, Рекорд, Општина Аеродром, Кисела Вода и назад, VIBE ON Party Bus покажа дека секоја постојка може да биде и забава и инспирација.

Стотина млади уживаа во интеракцијата со хостесите, се запознаа со наградната игра „Вајбај на EXIT“ од Шпаркасе Банка и имаа шанса да добијат супер подароци: од маички, капчиња и торби, до сетови што се подготвени за фестивалско лето.

Оваа активација е уште еден доказ дека Шпаркасе Банка знае што значи вистинско уживање за младите, комбинација од слобода, музика, искуство и вајб што не се заборава.

Со картичката Vibe On и понатаму секоја трансакција носи шанса за нешто големо. А ние ветуваме ДОБАР ВАЈБ цело лето!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg