„Кога телото зборува, јас слушам“: Прва епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски Ритам”

„Жените се движење, жените се ритам, секоја од нас има своја посебна енергија, моќ, причина за постоење и делување” со овие зборови водителката Живкица Каленикова ја започнува првата епизода од новата втора сезона на долгоочекуваниот dm поткаст „Женски ритам“.

koga-teloto-zboruva-jas-slusham-prva-epizoda-od-vtorata-sezona-na-dm-potkastot-zhenski-ritam-01.jpg

Во првата епизода, гости се Лејла Рамковска, јога инструкторка и сопственичка на јога студиото Club8, инфлуенсерка и мајка на две деца и Даниел Трбогазов, дипломиран професор по физичко образование и главен уредник и основач на порталот „Мој Тренер“.

koga-teloto-zboruva-jas-slusham-prva-epizoda-od-vtorata-sezona-na-dm-potkastot-zhenski-ritam-02.jpg

Лејла и Даниел во релаксирана и пријатна атмосфера дискутираат и го споделуваат своето долгогодишно експертско знаење и искуство поврзани со спортот, физичкото здравје, физичкиот развој на женското тело низ годините, како и за различните биолошки фази низ кои поминува секоја жена. Споделуваат и совети за секојдневни здрави навики кои придонесуваат за подобрување на општата психо-физичка состојба, и во состојби на хроничен замор и стрес. Моќта на малите здрави навики навистина можат да направат голема разлика за вашето тело.

Следете ги активно социјалните мрежи на dm за информации и новости поврзани со dm поткастот „Женски ритам” на тема женско здравје, бидејќи следуваат нови интересни содржини и нови аспекти од важноста на сеопфатното женско здравје.

Најчитани неделава