Освежете го летото со новите вкусови на ВИВА

osvezhete-go-letoto-so-novite-vkusovi-na-viva-01.JPG

ВИВА, најголемиот производител на сокови, нектари и освежителни пијалаци во Македонија, и ова лето продолжува со иновативни чекори, промовирајќи два нови вкуса во категоријата ВИВА Фреш: Јаболко овошен пијалак и Леден чај со вкус на манго.

Како бренд што се води од мисијата постојано да креира производи во чекор со современиот начин на живот, ВИВА внимателно ги следи трендовите и вкусовите на потрошувачите. Овие два нови производи се резултат на таа посветеност ‒ да се понуди нешто свежо, природно и вкусно за секојдневните моменти.

Јаболкото ‒ симбол на домашно, здраво и вкусно ‒ сега е дел од освежителната ВИВА Фреш линија, идеална за хидрирање во текот на летото. Од друга страна, мангото, со својот егзотичен и сладок вкус, е најново дополнување во категоријата ледени чаеви, која од минатата година бележи огромен раст и препознатливост.

osvezhete-go-letoto-so-novite-vkusovi-na-viva002.jpg

Новите вкусови доаѓаат во практични пакувања од 0,5 L и 1,5 L, одлични за секојдневна консумација и за различни пригоди. Со ова проширување на портфолиото, ВИВА уште еднаш го потврдува својот статус на иновативен лидер, кој не само што ги следи, туку и ги обликува навиките и очекувањата на современиот потрошувач.

Производите веќе се достапни на полиците низ целата земја, а во тек е и новата летна кампања за ВИВА Фреш, која летните денови ќе ги направи посвежи.

Пробајте ги новите вкусови и освежете го летото со ВИВА Фреш! 

Најчитани неделава