Познати се членовите на жирито за SoMo Borac 2025!

Пријавите се отворени до 24 септември, а победниците ќе бидат објавени на доделувањето на 24 октомври.

poznati-se-chlenovite-na-zhirito-za-somo-borac-2025-01.JPG

Загреб, 25 јуни 2025 – Пријавувањето за 13. издание на SoMo Borac by Aleph е официјално отворено и трае до 24 септември, а сега се познати и членовите на жирито кои детално ќе ги разгледаат и оценат сите пристигнати пријави. Претседателките на жирито оваа година се: Вања Ваничек, директорка на маркетинг, корисничко искуство и комуникации во Е.ОН Хрватска, која е претседателка на Advertising жирито, и претседателка на Media жирито Анамарија Тодориќ, директорка на дигитална стратегија на Večernji list и 24sata и членка на Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI).

Минатата година беше забележан рекорден број на пријави – повеќе од 235, а организаторите веруваат дека и оваа година жирито го очекува предизвикувачка задача – оценување на низа генијални дигитални проекти.

Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI) веќе трета година по ред го поддржува SoMo Borac како коорганизатор, со цел зајакнување на Media stream-от и поддршка во споделување на знаење и ресурси меѓу заедницата на дигитални издавачи. Медиумските издавачи своите проекти можат да ги пријават во следните категории: Best Media Feature, Digital Product of the Year, Digital Design of the Year, SoMo NATIVE и Best Media Storytelling.

Претседателката на медиумското жири Анамарија Тодориќ го сподели своето гледиште за важната улога што ја очекува во наредниот период:

„Исклучително сум благодарна на колегите и организаторите што ми ја укажаа довербата именувајќи ме за претседателка на медиумското жири. За мене таа улога, пред сè, предизвикува голема гордост – особено затоа што SoMo Borac е натпревар на кој победувале или биле во потесен избор многу проекти на кои работевме заедно со моите колеги, па знаеме колку значи таа награда.

Освен тоа, во жирито се и други колеги на чие работење се восхитувам, па сум сигурна дека ќе ни биде предизвикувачки, содржајно, но и убаво да избереме нови финалисти и победници“.

Претставник од Македонија во Media жирито кој ќе учествува во изборот на најдобрите медиумски дигитални кампањи е Игор Поповски (CRNOBELO MEDIA).

poznati-se-chlenovite-na-zhirito-za-somo-borac-2025-002.JPGИгор Поповски

Во Advertising stream-от вкупно има 12 категории, а новина оваа година е категоријата SoMo Video Impact, во која се бараат видеосодржини кои постигнале врвни резултати, додека категоријата Digital Product of the Year е проширена на меѓународно ниво – сега може да се пријавуваат дигитални производи наменети за кое било пазариште, внатре или надвор од регионот.

„Му благодарам на тимот на SoMo Borac за укажаната доверба – голема ми е чест што оваа година имам можност да претседавам со жирито на едно од најзначајните регионални натпреварувања во дигиталната комуникација. SoMo Borac не е само натпревар – тоа е заедница на креативци, стратези, визионери и дигитални професионалци кои ја обликуваат иднината на дигиталната комуникација во регионот.

Во област која постојано се менува и буквално мутира од месец во месец, да се препознае извонредност станува сè поизвонредно – но и поважно од кога било. Затоа, со голем ентузијазам ѝ пристапувам на оваа улога. Се радувам на соработката со стручните колеги од жирито, чие знаење, искуство и посветеност гарантираат квалитетен, внимателен и промислен избор.

Непроценливо е да се има можност за размена на мислења, предизвикувачки дискусии и подлабоко разбирање на стратешките процеси зад реализацијата на идеи и врвни дигитални проекти – оние кои нè потсетуваат зошто толку многу го сакаме овој бизнис“, истакна претседателката на Advertising жирито Вања Ваничек.

Членови на Advertising жирито од Македонија се: Елеонора Ѓорѓева (Publicis Skopje), Енес Каракаш (Piksel LTD), Александар Китаноски (BDG agency) и Михаела Козар Бајалџиева (Tokyo Communications).

Сите членови на Media и Advertising жирито можете да ги најдете на веб-страницата на SoMo Borac, а не заборавајте да се пријавите и на SoMo Borac newsletter за први да ги дознаете новостите поврзани со најважното доделување на награди. Следете ги и страниците на SoMo Borac на Facebook, Instagram и LinkedIn!

Најчитани неделава