Швајцарската R’n’B ѕвезда Лакна носи свежа енергија што ќе го раздрма Sound of Green 2025

Младата швајцарка Лакна пристигнува во Скопје и со себе ја носи незадржливата енергија со која ќе го „размрда“ овогодишното издание на фестивалот Sound of Green. Со мешавина на nео-soul, R’n’B, афро-поп и соул, таа го освојува вниманието на европската музичка сцена уште од мали нозе.

shvajcarskata-r-n-b-dzvezda-lakna-nosi-svezha-energija-shto-kje-go-razdrma-sound-of-green-2025-01.JPG

Родена во уметничко семејство— ќерка на буркински музичар и швајцарска актерка— Лакна од шест години започна да пее.

Последниве години се кити со многу успеси на европската сцена –  почнувајќи со настапи на Montreux Jazz, Gurten, Cully Jazz, Paléo Festival и други престижни европски фестивали. Во ноември 2021 ја издаде ЕП‑то „Univers Observable“, а медиумите ја прогласија за „нова референца на швајцарската сцена“.

Нејзината песната „Gimme“ беше вклучена во најслушаните радиски програми (SRF3, couleur3, RadioFR, итн.), а во 2022 го обедини белгијскиот „hit‑100“ со синглот „Tsunami“ (236 000+ stream-ови).

Во 2023 го издаде новото ЕП „Tsunami“, кое веднаш привлече внимание од медиуми и Warner менаџмент, а во 2024 дојде и насловна страница на швајцарскиот Femina и нтурнеја низ Франција.

По овие успеси ширум Европа и светот сега време е и нашата домашна публика да ужива во нејзиниот настап во живо. Лакна ќе настапи како дел од единствената фестивалска вечер на Sound of Green 2025, заедно со многу други познати домашни и странски изведувачи.

shvajcarskata-r-n-b-dzvezda-lakna-nosi-svezha-energija-shto-kje-go-razdrma-sound-of-green-2025-02.JPG

Настапот е овозможен благодарение на Француската и Швајцарската амбасада во Република С. Македонија, која воедно е и поддржувач на фестивалот заедно со Друштвото за собирање на отпад од пакување Пакомак. Фестивалот се реализира во партнерство со Институтот Адам Мицкевич од Варшава и е кофинансиран од Министерството за култура и национално наследство на Полска, како дел од интернационалната културна програма на Полското претседателство во Советот на културата на Европската Унија во 2025.

Оваа година фестивалот е од отворен тип и влезот е бесплатен, а ако сакате да ја поддржите еко пораката која ја испраќа Sound of Green, доволно е со себе да донесете пластично шише или лименка кои ќе ги одложите на соодветно место кога ќе пристигнете на местото на настанот.

Најчитани неделава