Стокомак и прилепска Газоза- вистински хит кај српските потрошувачи
- Детали
- среда, 25 јуни 2025
Стокомак не запира со освојување на симпатиите и на српските потошувачи, со голема посетеност и позитивна атмосфера, беше одбележано отворањето на третиот Стокомак маркет, овој пат во Лесковац. Овој македонски дисконтер, кој веќе е препознатлив по квалитетни производи и ниски цени, продолжува да ги освојува симпатиите на потрошувачите и надвор од Македонија.

Веројатно еден од клучните чекори што придонесуваат за растот на овој македонски ланец на маркети на српскиот пазар е ексклузивната понуда на традиционалниот македонски пијалак- Газоза.
Тоа што особено привлекува внимание кај српските купувачи е токму оваа ексклузивна понуда. Овој пијалак со освежителен вкус од круша за многумина претставува носталгија, а за други ново откритие. Интересно е што предходно, српските љубителите на овој пијалок се организираа преку социјалните мрежи и форуми, за прилепската Газоза да се донесе во Србија. Нивниот ангажман даде резултат, благодарение на македонскиот ланец на маркети Стокомак, кој направи вистински бум со овој македонски производ.
За жал Стокомак не откриваат многу информации за нивните идните планови на српскиот пазар, но неофицијално се дознава дека следните отворања се подготвуваат во повеќе градови низ Србија, меѓу кои се споменуваат Панчево, Бујановац, Бор, Врање и Параќин.
Стокомак очигледно, гради свое препознатливо присуство во регионот, а дали ќе донесе уште некој уникатен македонски производ на српскиот пазар останува да видиме.