Викендов финале во турнирот „Биди шампион“

Во сабота 28.06.2025, финале на турнирот БИДИ ШАМПИОН. Видеолотарија Касинос Австрија во изминатиов период, започнувајќи од 31 мај го организираше турнирот во кој се одиграа 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет за деца од 10 до 14 години. Со овој турнир сакаме да придонесеме за промоција на спортот, фер игра, тимскиот дух и спортските вредности меѓу младите

vikendov-finale-vo-turnirot-bidi-shampion-01.JPG

Во сабота на 28 јуни од почнувајќи од 10 часот, на реконстуираното игралиште Драган Крстев во Општина Кисела Вода, ќе се одиграат финалните натпревари во турнир БИДИ ШАМПИОН.

vikendov-finale-vo-turnirot-bidi-shampion-02.JPG

Турнирот започна на 31 мај со серија на натпревари во мал фудбал и уличен баскет за деца на возраст од 10 до 14 години, на игралиштата кои ги реконструиравме во изминатиов период. Со донаторски буџет од милион евра, ставивме во функција 20 игралишта, од нив 12 мултифункционални, а 8 детски инклузивни.

vikendov-finale-vo-turnirot-bidi-shampion-03.JPG

Турнирот БИДИ ШАМПИОН не е само натпреварување, туку и порака-дека секој млад човек може да биде шампион во фер игра, другарство и воопшто во животот.

vikendov-finale-vo-turnirot-bidi-shampion-04.JPG

Со турнирот БИДИ ШАМПИОН, сакаме да придонесеме во поттикнувањето на спортот како здрава активност за правилен развој на децата, да креираме тимски дух и работа во тимови, а дополнително и да придонесеме талентираните деца да бидат забележани.

vikendov-finale-vo-turnirot-bidi-shampion-05.JPG

Најчитани неделава