„Must have“ часовник за ова лето – SCUBAQUA носи боја, стил и авантура
- Детали
- петок, 18 јули 2025
Има нешто магично во чувството кога ќе ги облечеш омилените сандали, ќе ја почувствуваш солта на кожата и ќе дозволиш косата да ти биде раиграна од летниот ветер. А има и еден детаљ кој оваа година му дава финален шмек на целото летно расположение – новиот Swatch Scubaqua часовник.

Ова не е обичен часовник. Scubaqua е модна изјава, животен став и совршен летен сојузник. Со својот свеж, спортски дизајн и живи, привлечни бои, тој станува must-have парче за секој што сака да биде во движење, да ја гушка слободата и да го носи летото на рака – буквално.

Водоотпорен до 200 метри, лесен, удобен и направен да се носи цел ден – од утринско кафе на балкон, до ноќно нуркање во морето.
Боите? Прекрасни! Од длабока морска сина што потсетува на безгрижните денови покрај Лефкада, преку неонско жолта како коктел во Сен Тропе, до класично црна за оние што преферираат cool урбан изглед. Секој модел зборува на свој јазик – прашањето е: кој е твојот?

Ако ова лето сакате да бидете малку похрабри, поразиграни и да уживате до максимум – Scubaqua е вашиот совршен старт. Ова е часовник што потсетува дека секој момент е вреден да се живее до крај.
Достапни се во продавниците на Божиновски Watches & Jewelry низ Македонија и на нивната онлајн продавница – дозволи си мал луксуз што ќе го носиш секој ден.
Не чекај да дојде одморот. Започни го со стил.
Swatch Scubaqua – твоето лето во еден часовник.