Виталиа се врати со седум златни медали од Новосадскиот саем

Македонскиот бренд за здрава храна ја освои публиката и жирито на најголемиот агросаем во регионот. Виталиа, водечкиот македонски бренд за здрава храна, забележа триумфално претставување на престижниот Новосадски саем 2025, каде што се закити со вкупно седум златни медали – признанија за исклучителен квалитет и врвен дизајн на производите.

vitalia-se-vrati-so-sedum-zlatni-medali-od-novosadskiot-saem-03.JPG

На 92. Меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад, што се одржа од 17 до 22 мај, жирито ги награди Виталиа за нејзината континуирана иновација, одличен вкус и препознатлива визуелна естетика. Овие награди го потврдуваат статусот на Виталиа како пионер во здравата храна, не само во Македонија, туку и во целиот регион.

vitalia-se-vrati-so-sedum-zlatni-medali-od-novosadskiot-saem-02.JPG

Наградени производи за квалитет:

  • Гранола мусли без додаден шеќер со темно чоколадо и лешник (300g)
  • Гранола бар без додаден шеќер со какао крем (23g)
  • Протеински бар Двојно чоколадо (45g)
  • Протеинска гранола Кокос и бадем (60g/300g)
  • Пробиотско колаче со темно чоколадо и лешник (55g)

Награда за најдобар дизајн:

  • Happy Little Adventures – Детска линија
    • Choco Crunch Muesli (250g)
    • Coconut Bite (25g)

vitalia-se-vrati-so-sedum-zlatni-medali-od-novosadskiot-saem-01.JPG

Специјалната златна награда за дизајн беше доделена на Владо Спасов, главниот дизајнер и член на маркетинг тимот на Виталиа, кој е креативната сила и автор на визуелниот идентитет на Happy Little Adventures – линија која ги освои срцата на децата и родителите со својот модерен, топол и впечатлив изглед.

vitalia-se-vrati-so-sedum-zlatni-medali-od-novosadskiot-saem-04.JPG

Сите наградени производи и компании можете да ги погледнете на следниот линк.

Саемот во Нови Сад важи за еден од најзначајните бизнис настани во агроиндустријата во регионот, каде што секоја година се презентираат најновите достигнувања, технологии и брендови што го менуваат начинот на кој консумираме храна.

vitalia-se-vrati-so-sedum-zlatni-medali-od-novosadskiot-saem-05_2.JPG

Со оваа нова серија признанија, Виталиа уште еднаш го потврди својот водечки статус во индустријата – со вкус, дизајн и визија кои освојуваат!

vitalia-se-vrati-so-sedum-zlatni-medali-od-novosadskiot-saem-05.JPG

Најчитани неделава