Од срцето на Македонија до рацете на шампионите – медалите на ЕМОФ 2025 се дело на „Пехар Скопје“
- Детали
- среда, 23 јули 2025
Со величествена церемонија во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, во неделата вечерта беше официјално отворен најголемиот мултиспортски настан што некогаш се одржал во нашата земја – 22-от Европски Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ) „Скопје 2025“.
Овој фестивал, кој ќе трае од 20 до 26 јули, обединува повеќе од 4.000 млади спортисти од 49 европски земји кои ќе се натпреваруваат во преку 15 олимписки спортови. Целта не е само спортска конкуренција, туку и градење мостови на пријателство, солидарност и заедништво помеѓу идните европски шампиони.
Македонски печат на медалите на победниците
Она што овој фестивал го прави уште повеќе посебен е што симболите на успехот – златните, сребрените и бронзените медали – се рачно изработени токму во Скопје, од македонската компанија „Пехар Скопје“.
„Горди сме што „Пехар Скопје“ со својот тим ги изработува официјалните медали за победниците на првиот Европски Младински Олимписки Фестивал што се одржува во Македонија! Привилегија е да се изработува нешто за кое што секој спортист сонува.“ – изјави Панче Сековски, еден од управителите на компанијата.
„Процесот на изработка на медалите за ЕМОФ 2025, траеше приближно 40 дена, секој ден вклучувајќи и викенди. Лиењето се одвива на температура од 460 степени, а целиот процес е внимателно надгледуван од најмалку 15 вработени, додека пак медалите поминуваат низ доработка од 50 раце. Тоа е рачна, тимска, макотрпна и прецизна работа, со вложена љубов во секој детаљ.
Слоганот на компанијата со право гласи: „Секогаш во рацете на победниците“- споделија управителите на „Пехар Скопје“, Игор Ивановски и Панче Сековски.
Со повеќе од 30 години постоење, „Пехар Скопје“ е компанија која стои зад секој медал, пехар и награда кои низ годините ги красат полиците на спортисти од сите генерации.
Во своите долгогодишни партнерски соработки ги вклучува и маратоните на WizzAir (Скопје маратон), Трчај Бе, Биди Своја- женска трка, Авицена Лабораторија- женска трка, Атлетска федерација на МК, Кошаркарска федерација на МК, Ohrid Trail, Semos Education Run, Прв до врв како и натпревари од регионот.
„Пламенот на мирот и солидарноста“ со македонски корени
Освен медалите, „Пехар Скопје“ е автор и на првиот олимписки факел изработен во Македонија со намена за ЕМОФ 2025, наречен „Пламенот на мирот и солидарноста“.
Факелот или поточно огинот симболично означува отварање на олимпискиот фестивал, а беше пренесуван од најголемите македонски спортски имиња – олимпискиот теквондист Дејан Ѓоргиевски, кој прв го внесе во арената, а потоа се приклучија Мила Релиќ, Бобан Илиоски, Дивна Пешиќ, Берат Јакупи, Пулексенија Јованоска, а факелот свечено го запали нашиот најуспешен атлетичар, Дарио Ивановски.
Скопје е во срцето на Европа овие денови, а македонскиот труд, визија и занаетчиство, блескаат во секој симбол на победа.
Линк Linkedin „Пехар Скопје“
Линк Facebook „Пехар Скопје
Линк Instagram „Пехар Скопје“
Web