Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои.

Оваа година, Скопско започнува нова кампања посветена на она што станува сѐ поретко во денешницата – вистинското опуштање и автентичната поврзаност.

skopsko-so-nova-kampanja-vkusot-shto-n-opushta-i-pravi-da-sme-svoi-03.jpg

Во свет каде живееме под постојан притисок да бидеме совршени и да одржуваме слика што не е секогаш искрена, Скопско ја слави вистината и ни нуди момент да здивнеме.

Со својот автентичен вкус – оној што го препознаваме во првата голтка – и со вековната врска со луѓето, Скопско останува симбол на блискоста, опуштањето и вистинските моменти.

Тоа е совршениот придружник за опуштање: пивото што нѐ потсетува на она што навистина е важно: да бидеме свои, да се поврземе и да уживаме во вистинскиот пивски вкус.

skopsko-so-nova-kampanja-vkusot-shto-n-opushta-i-pravi-da-sme-svoi-01.jpg

Придружен со познатата песна „Нешто недостасува“ од македонскиот бенд АРЕА, ТВ спотот е уште една потврда за поддршката што Скопско континуирано ја дава на македонската музика и култура.

Кога нешто недостасува – можеби тоа е токму оној препознатлив Скопско вкус што нè враќа на себе и прави да сме свои.

СКОПСКО И СЀ Е МОЖНО ОД 1924.

skopsko-so-nova-kampanja-vkusot-shto-n-opushta-i-pravi-da-sme-svoi-02.jpg

Најчитани неделава