Летото не завршува на плажа: тајните за нега и долготраен бронзен сјај на вашата кожа!

Летото е сезоната кога обврските се оставаат на „seen“, часовникот се заборава дома, косата мириса на море и сол, а сонцето и дава блескав сјај на кожата... Деновите се мерат во насмевки, а најважно е – утринското пливање и целодневното разладување во вода, попладневната прошетка под палмите со сладолед, а после вкусната вечера – добра забава! Но, колку и да уживате во златните сончеви зраци, вашата кожа не заборава – секој зрак остава своја трага – а заштитата и негата се најважни за го задржите здравиот сјај.

letoto-ne-zavrshuva-na-plazha-tajnite-za-nega-i-dolgotraen-bronzen-sjaj-na-vashata-kozha01.jpg

После долгите топли денови на плажа, на вашата кожа ѝ треба љубовна порака во форма на aftersun нега – кремите и спрејовите на sundance  достапни во dm освен што ве штитат од сонцето со силен СПФ фактор преку целиот ден, тие и ја смируваат, хидрираат и ја чуваат кожата од сушење.  Покрај sundance кремите за после сончање, гелот со алое вера брзо ја разладува кожата, брзо се впива и не остава масни траги, а вашата кожа станува мека, еластична и секако останува бронзена. Вашата кожа заслужува нежна грижа што ќе ја смири, обнови и ќе го задржи летниот сјај. Со правилна рутина по сончање, кожата останува мека, сјајна и здрава – а вашиот бронзен тен трае подолго.

А, ако летово календарот ви е преполн, времето за лежење под сонце ограничено, а единствено разладување ви се овошните спреј освежувачи, тоа не значи дека треба да се откажете и од заводливиот бронзен сјај на кожата – искористете го sundance спрејот за потемнување за да добиете совршен тен, распрскајте ја магијата врз кожата и гледајте како за неколку минути добивате рамномерен бронзен тен кој изгледа како да сте се вратиле од егзотичен одмор... И тоа без печење на сонце со часови и без долги солариум сесии.

Вашата кожа го заслужува најдобриот третман – мека прегратка, летна свежина свежина и малку магија за да го задржи златестиот сјај. Со вистинската рутина по сончање, таа останува свиленкасто мека, блескава и здрава - а вашиот бронзен тен ќе ве потсетува на убавите летни моменти секој пат кога ќе се погледнете во огледало.

Најчитани неделава