HalkVeloGreen се враќа во Маврово на 8ми септември, пријавувањата се во тек

На 8 септември, Маврово повторно ќе биде центар на спортот, рекреацијата и забавата со традиционалната хронометар велосипедска трка HalkVeloGreen, која Халкбанк веќе шеста година по ред ја организира во рамките на својата „зелена“ платформа ХалкЕко. Настанот е повеќе од спортска трка, тоа е ден исполнет со енергија, дружење, рекреација и уживање во природата.

halkvelogreen-se-vrakja-vo-mavrovo-na-8mi-septemvri-prijavuvanjata-se-vo-tek-01.JPG

HalkVeloGreen и годинава ќе ги обедини љубителите на велосипедизмот, од најмалите учесници до рекреативци и професионални натпреварувачи. На учесниците им се нуди можност да се натпреваруваат во повеќе категории: Хоби, Млади и Деца.

Посебна атракција претставува и тимското рангирање, кое им овозможува на компании, клубови или групи пријатели заеднички да се пријават, со што настанот добива уште поголема спортска и забавна димензија.

halkvelogreen-se-vrakja-vo-mavrovo-na-8mi-septemvri-prijavuvanjata-se-vo-tek-02.JPG

Трката ќе се вози по живописната патека во Маврово, со должини од 12 и 22 километри, прилагодени според категориите. Стартна и звршна позиција е големиот паркинг пред спортската сала во Маврово, со патека која се протега покрај живописните предели до хотелот Радика и назад.

Пријавувањето за трката се врши онлајн преку www.trki.mk и трае до 3 септември 2025 година, или до пополнување на предвидениот број места. Котизацијата изнесува 800 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за општествено корисни цели.

halkvelogreen-se-vrakja-vo-mavrovo-na-8mi-septemvri-prijavuvanjata-se-vo-tek-03.JPG

Секој учесник ќе добие богат стартен пакет кој вклучува стартен број со чип, медал за завршена трка, освежување, осигурување, подарок од Халкбанк, како и професионални фотографии од трката.

За најдобрите велосипедисти се предвидени и вредни награди. Во категоријата Хоби (мажи/жени) наградата за освоено прво место изнесува 15.000 денари, за второ место - 10.000 денари и за трето место – 5000 денари. Во категориите Деца и Млади наградите изнесуваат 10.000, 5000 и 3.000 денари. Најдобрите тимови ќе бидат наградени со дипломи и медали.

halkvelogreen-se-vrakja-vo-mavrovo-na-8mi-septemvri-prijavuvanjata-se-vo-tek-04.JPG

HalkVeloGreen е повеќе од спортска трка, таа е и вистински празник на спортот, природата и дружењето. Во текот на целиот ден, учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во свежиот воздух, убавините на Националниот парк Маврово и атмосферата исполнета со позитивна енергија. За забавниот дел од програмата ќе бидат задолжени Викса и ди-џеј Oki Doki, а за најмладите тука е и омиленото слонче Халки кое ќе им подготви интересни активности.

HalkVeloGreen има за цел да потсети дека велосипедизмот не е само спорт, туку и начин на живот – активен, здрав и еколошки одговорен. Со својата мисија да ги обедини спортот, еколошката свест и заедничкото дружење трката станува традиција што инспирира и остава белег.

Трката е поддржана организациски и од Велосипедската Федерација на Македонија.

Најчитани неделава