Немаш паричник, нема проблем!

Со НЛБ Банка и Apple Pay, твојот телефон е твојот паричник

nemash-parichnik-nema-problem-01.jpg

Рано утро. Брзаш на работа. По пат застануваш за кафе во маалската кафетерија. Посегнуваш по паричникот и сфаќаш дека си го заборавил дома. Но твојот iPhone е тука. Со двоен клик и поглед во екранот, твоето кафе е веќе платено.  Она што започна како практична опција за плаќање, стана многу повеќе - неопходност во динамичниот свет кој го живееме, барајќи малку повеќе леснотија во секојдневните рутини.

Без разлика дали купувате намирници, плаќате преку интернет или подигнувате готовина од банкомат, Apple Pay ја прави секоја трансакција брза, лесна и безбедна. Веќе немате потреба од паричник, затоа што сега вашиот телефон е вашиот паричник. Во свет каде што очекуваме повеќе од помалку - помалку време, помалку обврски, помалку грижи - Apple Pay го испорачува тоа, правејќи го плаќањето најлесниот дел од денот.

Платформите за мобилно плаќање не само што ги поедноставија трансакциите, туку и фундаментално ги променија и очекувањата на потрошувачите во однос на брзината, безбедноста и пристапноста.

Apple Pay, лансиран во 2014 година, речиси преку ноќ стана синоним за практичност и иновација. Со тоа што им овозможи на корисниците на iPhone, Apple Watch, iPad и Mac да вршат плаќања со едноставен допир или поглед, Apple Pay ја елиминираше потребата од физички картички и готовина, обезбедувајќи истовремено подобрена безбедност преку токенизација и биометриска автентикација.

Од неодамна, услугата Apple Pay е достапна и на нашиот пазар, единствено во понудата на НЛБ Банка. За Банката која е предводник во иновациите и дигиталната трансформација, овој чекор не беше само за усвојување на нов метод на плаќање, туку одраз на  поширока стратегија за воведување на банкарски решенија ориентирани кон клиентите, прилагодени кон новите кориснички навики и животен стил.

Најчитани неделава