Халкбанк Back to school шопинг со топ брендови и 3% поврат при плаќање со картичка

Подготовките за новата учебна година секогаш носат динамика и потреба за внимателно планирање на шопингот. Халкбанк им овозможува на своите клиенти да уживаат во безгрижно и паметно пазарување со специјалната Back to school кампања, во рамки на која сите корисници на кредитни картички на Халкбанк добиваат 3% поврат од секоја трансакција направена при онлајн купување во избраните е-commerce продавници.

halkbank-back-to-school-shoping-so-top-brendovi-i-3-povrat-pri-plakjanje-so-kartichka-01.JPG

За сите ученици и родители, но и за оние кои сакаат да ја обноват својата гардероба или да набават книги и канцелариски материјали, Халкбанк обезбедува 3% поврат во вид на бонус поени за секоја трансакција направена онлајн преку интернет страниците на Office Plus, Zafir Komerc, Matica, Reserved, Sinsay, Cropp, Housebrand и Mohito. Со само неколку клика, клиентите можат да направат избор, да ја завршат нарачката и да платат со кредитна картичка на Халкбанк и да добијат 3% поврат во вид на бонус поени.

halkbank-back-to-school-shoping-so-top-brendovi-i-3-povrat-pri-plakjanje-so-kartichka-02.JPG

Бонус програмата на Халкбанк е создадена за да ги наградува лојалните клиенти. Со секое купување со кредитна картичка на одредени продажни места, бензински пумпи, аптеки, продавници и веб продавници, клиентите добиваат одреден процент од вредноста на трансакцијата во форма на бонус поени на својата картичка. Еден бонус поен вреди еден денар, а акумулираните поени потоа можат да се искористат при следни пазарувања на било кое продажно место на ПОС терминал на Халкбанк.

halkbank-back-to-school-shoping-so-top-brendovi-i-3-povrat-pri-plakjanje-so-kartichka-03.JPG

Со оваа кампања, подготовките за новата учебна година стануваат поедноставни, поисплатливи и поудобни. Клиентите имаат можност да купуваат кај најдобрите брендови, да ја почувствуваат удобноста на онлајн шопингот и да уживаат во дополнителниот поврат што ја прави секоја трансакција повредна. Со Халкбанк, секое плаќање вреди повеќе.

Најчитани неделава