Данскиот бренд Flying Tiger пристигнува во Македонија – прва продавница во East Gate Mall

Flying Tiger Copenhagen пристигна во Македонија, а наскоро ја отвора и својата прва локација во трговскиот центар East Gate Mall. Брендот е познат по својата уникатна филозофија – секојдневни производи кои носат насмевка, инспирација и креативност во секој дом. Од практични решенија за секојдневие, преку алати за хоби и учење, до симпатични подароци по пристапни цени - асортиманот е создаден за да ја претвори обичната куповна рутина во вистинско шопинг доживување.

danskiot-brend-flying-tiger-pristignuva-vo-makedonija-prva-prodavnica-vo-east-gate-mall-01.JPG

Отворањето на првата продавница во Скопје претставува и прво појавување на брендот во Македонија, со што East Gate Mall уште еднаш ја потврдува својата водечка улога како дестинација каде што меѓународните брендови првпат влегуваат на домашниот пазар.

danskiot-brend-flying-tiger-pristignuva-vo-makedonija-prva-prodavnica-vo-east-gate-mall-02.JPG

Франшизата за данскиот бренд Flying Tiger е во сопственост на групацијата БАЛФИН која има план да го претстави брендот пред милиони потенцијални потрошувачие на пазарите во Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Најчитани неделава