Ги обожавам реалните приказни на луѓето од Македонија - на внук ми, олимпиец по физика, на татко ми - самохран родител за медал
- Детали
- вторник, 30 септември 2025

Знаете што обожавам најмногу во својата новинарска работа? Приказните на реалните луѓе... Приказната на бабата што ја гледам секој ден како седи со книга во рака на клупата пред мојата зграда, но и приказната на младата мајка која со две деца секое утро изгледа како одлично да жонглира носејќи ги кон градинка, додека во другата рака ја држи папката од својата адвокатска канцеларија, која е надалеку позната.
Ги обожавам и приказните на реалните луѓе од мојот круг. Приказната на внук ми... Да, тој млад олимпиец по физика, која ја прави Македонија горда на разни натпревари за знаење по светот и кој сега ќе студира во Минхен инженерско воздухопловство и уште еднаш ќе ме потсети и мене и себе дека треба да се сонува и дека сè е возможно, само ако низ животот се движиме со ширум отворени очи, со будност и со страст за знаење, надградување и борба за тоа што го сакаме.
Тука е и еден мој поранешен колега, коj некогаш како скромно дете од Охрид сонуваше големо, а сега го живее својот сон, работи во сферата на медицинската роботика, се ожени со девојката од своите соништа која ја пронајде во Германија и нè потсетува дека стартната позиција во животот не предодредува до каде можеме да стигнеме. Тој преку пример и дела ми покажа дека само небото и ѕвездите се граница.
И сите овие инспиративни млади луѓе се доказ како GenZy генерацијата знае да живее со грабање, со трка по своите соништа, со непомирување во зоната на комфорот.

И токму нивните приказни толку инспиративни и нивната енергија толку полетна се заразни и за генерацијата PenZy. За нашите пензионери, за столбот, за оние кои во себе носат носталгија за едни минати и посмирени времиња, но од друга страна дозволуваат младите да ги заразат со страста да се живее интензивно и да се сонува големо.
Ете, пример е тетка ми, онаква совршена домаќинка секогаш со бисери, црвен кармин, топол оброк, секојдневно задолжително читање на руски класици, но и жена, која иако е во втората половина од 70-тите, и тоа како сака на Вибер да комуницира со внуката, да патува низ Европа со сопругот и да биде во чекор со сите случувања од Македонија и пошироко.
Понекогаш и јас се наоѓам притисната од преинтензивното темпо кое си го наметнувам затоа што сакам сè и сакам веднаш и сакам најдобро од сите светови и сакам да не ми трпи ниту работата, ниту семејството, ниту пријателите, ниту патувањата, ниту хобито, но некогаш ние младите забораваме да земеме здив, да застанеме, да вдишиме длабоко, да ги помирисаме цвеќињата, да му се порадуваме на утринското сонце... И тогаш си наоѓам рестарт во разговорите со татко ми.
Човек кој животот го предизвикал многупати, кој останал самохран родител на само 45 години, но кој со овој огромен животен предизвик се справи „like e pro“ што би рекле GenZy, кој сега е во мирните пензионерски денови, но во него не згаснува онаа игрива детска потреба да запознае нови луѓе, да го шири кругот на пријатели, да отпатува со нив и да почувствува мирис на море. Човекот што ме учи како да најдам мир во себе, дури и кога мојот немирен дух не ми дава ниту час време неиспланирано.

И некогаш кога ќе ги видам заедно со внук ми (18) во комбинација, како еден на друг приказни си раскажуваат, како иако како да се паралелни светови, си наоѓаат заеднички точки и зборови полни совети си разменуваат, топло ми е на душата.
Татко му секогаш го потсетува внук ми: „Чекај, кај брзаш, смири се, уживај го мигот, полека“, додека, пак, внук ми со својата полетност го заразува: „Ти можеш, немаш пречки, немаш граници, годините се само бројка, зграби веднаш, никогаш не е доцна да сонуваш“...
И токму ваквите реални приказни преку кои растам, преку кои сонувам во посилни бои и преку кои работата како новинар ми е претворена во радост, а не во обврска, секојдневно следам и во подкастот на Халкбанк АД Скопје – „PenZy vs. GenZy“.

Таму ја видов инспиративната приказна за Стојан Арсиќ, човекот кој од бравар станал наставник, и кој за себе вели дека покрај наставник, е и поет, писател, градител.
За младиот виртуоз на виолончело, Антонио Илиоски , кој е талентиран, амбициозен, наградуван... Тој е Ген З пример за како и зошто упорноста вреди во животот.
За Ласко Џуровски, уметник, графички дизајнер, но и вистински современ борец за македонските работи...
Таму видов приказни кои се доказ дека не смееме да заборавиме да сонуваме, да веруваме дека соништата можат да ни се исполнат на која било возраст во животот, дека годините не се пречка за ништо, дека младите треба да учат од постарите, но и дека постарите треба да учат од младите.
Кога генерациите PenZy и GenZy ќе се спојат, тогаш имаме спој на мудрост и ентузијазам и тогаш само небото е граница.
Погледнете дел од епизодите на подкастот на Халкбанк АД Скопје:
фото: depositphotos.com