Пакомак го прослави големиот јубилеј: 15 години создаваме зелени навики за здрава и чиста животна средина

Овој вторник под отвореното небо на терасата во Ресторанот „Дион Стенковец“, македонската компанија за управување со амбалажен отпад Пакомак прослави 15 години постоење. Помеѓу најблиските партнери, соработници и поддржувачи, а придружено со избрана македонска забавна музика, компанијата одбележа уште една важна етапа во своето постоење.

pakomak-go-proslavi-golemiot-jubilej-15-godini-sozdavame-zeleni-naviki-za-zdrava-i-chista-zhivotna-sredina-01.jpg

Успешната приказна на Пакомак започна 2010 година, кога вкупно 11 домашни компании се организираа заедно за ја основаат Пакомак како непрофитна компанија која ќе ги организира и надгледува тековите на селективно одложување на нивниот амбалажен отпад и ќе се грижи истиот да го рециклираат.

Оттогаш, Пакомак прерасна во компанија која не само што практично придонесува кон развојот на инфраструктурата и културата за селектирање и рециклирање, туку и преку постојана едукација ја подига свеста за важноста на намалувањето на отпадот и неговото правилно одложување. Пакомак придонесе кон менување на перцепцијата за отпадот. Разните типови контејнери, канти, кутии за селекција станаа видливи на улиците, во школите, градинките и јавните места, достапни за многу општини низ земјава. Денес, преку системот на Пакомак се собира стаклена амбалажа во над 50% од угостителскиот сектор (ХОРЕКА), а и граѓаните се посовесни кон селекцијата на отпадот и еколошките теми генерално.

pakomak-go-proslavi-golemiot-jubilej-15-godini-sozdavame-zeleni-naviki-za-zdrava-i-chista-zhivotna-sredina-02.jpg

По повод 15-от роденден, пред присутните се обрати генералниот директор на Пакомак, Филип Ивановски:

„Кога ја основавме Пакомак си поставивме големи и амбициозни цели, со цел да воспоставиме здрава врска со заедницата и да помогнеме во борбата за намалување на отпадот, неговото правилно спроведување, но и во едукацијата на нашите граѓани за тоа зошто е важно да се селектира и правилно да се одложува отпадот. Во секоја година од нашето постоење успеавме не само да ги оствариме, туку и да ги надминеме поставените цели, што ни дава огромно чувство на задоволство и надеж дека напорната работа ќе создаде подобри услови за идните генерации. Овие 15 години учевме, стекнувавме знаења и ја градевме нашата експертиза за да бидеме подобри, поуспешни, поефикасни... Денес сме посебно горди што со нашиот систем на партнери собираме над 40% од стаклената амбалажа во земјава и над 15 мил. парчиња лименки и шишиња преку нашите 84 ПВМ. Денес имаме над 790 компании-членки на нашиот систем кон кои имаме одговорност за совесно управување со нивниот амбалажен отпад, а соработуваме и со 68 општини и 30тина приватни компании во делот за собирање на отпадот. Не застануваме тука. Нашата цел е наредните години да бидат уште поуспешни. Затоа, ќе работиме уште понапорно и попосветено за да им оставиме подобар свет на следните генерации.“, рече Ивановски.

pakomak-go-proslavi-golemiot-jubilej-15-godini-sozdavame-zeleni-naviki-za-zdrava-i-chista-zhivotna-sredina-03.jpg

Преку активен придонес и постојана вклученост во подобрување на отпадната инфраструктура, Пакомак стана партнер на заедницата, но и значајна алка помеѓу институциите и граѓаните за остварување на одржливите цели. Заложбата за почиста и поздрава животна средина останува главен фокус во активностите на Пакомак и во годините кои доаѓаат.

pakomak-go-proslavi-golemiot-jubilej-15-godini-sozdavame-zeleni-naviki-za-zdrava-i-chista-zhivotna-sredina-04.jpg

Најчитани неделава