SoMo Borac 2025: Дали навистина размислуваме out of the box или само така велиме? Како имплементацијата на нови начини на огласување изгледа во пракса
- Детали
- среда, 01 октомври 2025
Загреб, 01. октомври 2025 – Во пресрет на SoMo Borac, организаторите најавија предавачи кои во своите предавања на посетителите ќе им дадат конкретни совети за постигнување подобри резултати, како да се подобри комуникацијата меѓу тимовите, но и кој е рецептот за успешен pitch.

Владо Винце повеќе од десет години води tech тимови во секторот култура, вклучувајќи проекти за изградба на нови културни институции во Њујорк – The Shed и Perelman Performing Arts Center (PAC NYC). Имплементацијата на дигитални решенија и водењето проекти во непрофитна средина кои мораат да исполнат многу специфични креативни и бизнис цели може да биде предизвикувачка, а во своето предавање ќе истакне како да се менаџира и подобри разбирањето меѓу тимовите за резултатите да бидат што поуспешни.
Дали навистина размислуваме „out of the box“ или тоа стана вообичаена фраза, а во реалноста се водиме според веќе испробани и проверени практики? Во своето предавање „Performance Marketing Without Playbooks“ за тоа ќе зборува Тин Хузек Китан, Performance Marketing Lead во Solflare. Тин има повеќе од 12 години искуство во дигиталниот, а особено во performance и conversion-driven маркетингот, како и над 5 години искуство во web3 и crypto светот, а своите сознанија ќе ги сподели со публиката на SoMo Borac на 24. октомври во Мозаик центарот.
Ивица Скочиќ, како директор на креативната агенција McCann, учествувал во многу натпревари (т.н. pitch-еви) за разни клиенти, а како најчести предизвици ги наведува неквалитетната подготовка и недоволно јасното усогласување околу целта на проектот. Согласно истражувањето кое покажува дека агенциите во просек трошат повеќе од 650.000 евра годишно за учество во натпревари, а само 4 од 10 победнички идеи некогаш се имплементираат, ќе одржи предавање „Pitch кој (пре)скпо ве чини!“. Како експерт кој низ натпреварите поминувал и од клиентска и од агенциска страна, ќе даде конкретни насоки како би требало да изгледа истиот со цел поедноставување на целиот процес, а во контекст на постигнување заемно задоволство.
Искористете ја можноста за купување на TARDY BIRD влезница, а до 30. септември пријавете ги своите проекти. Сите новости околу годинешното издание можете да ги следите во SoMo Borac newsletter-от, како и на SoMo Borac Facebook, Instagram и LinkedIn.